И да може да го перцепираме времето, ако не можеме да патуваме низ него пак исто ни се фаќа. Не реков дека не постои. Реков дека за некоја димензија за нас да постои, МОРА да може да се движиме низ неа. Релативитетот докажува дека различно тече времето колку е поголема разликата во брзината, исто така стварите се издолжуваат итн. ама тоа не е патување низ времето. Така само времето тече побрзо за честиците што се поспори.
Ако не се лажам, претходно дискутиравме за простор-време.
Не за простор и време, туку за простор-време.
Ние простор перцепираме во три димензии, време исто така (календари има од многу одамна). Ама не ги перцепираме заеднички, туку како одделни неповрзани работи.
Секој пилот секој ден патува низ простор-времето и во однос на нас „заостанува“ по некоја нано секунда. Тоа што неговото патување низ времето е некоја инфинитезимална величина, повторно, не значи дека не постои, туку дека е незначително мало.