Нели? Ретко импресивен филм. Се спремам деновиве да одам пак да го гледам, да не случајно сум пропуштил нешто. Дури ми е криво што нема IMAX кај нас, да го глеам како што треба.
Ме радува што не е 3D.
Исто и мене. Nolan мразел 3D, затоа и никој од филмовите не му се во 3D.
Дефинитивно вреди да се изгледа на вистинска BlueRay снимка од триесетина+ гига, со добро озвучување...мх мх мераци

(Можни spoilers надолу)
-
-
-
Какви дискусии паѓаат на нет за филмов по форуми, од темите за црните дупки, па се до моментите со временското патување, па дури и сатот дали требало да биде аутоматик или кварц за така да можел да се понаша при крајот на филмот. Интересно е што има добри одговори за сите "сомнителни" моменти во филмот.
Еве пример тука има многу интересни прашања и одговори:
http://www.quora.com/Interstellar-2014-movie