Абе кога можам ги земам картите унапред, а си ги резервирам обично сабота за вторник, ама па не ми е секој ден успат СитиМол, а да вртам специјално за карти за кино стварно е смешно. Мислам дека треба да отворат некоја каса плус, се утепаа од правење пари, а само 5-6 деца им работат и таму те служат и со пијење и со јадење и со карта, а четирите или пет каси дремат празни. Треба да отворат барем 2 за луѓе со резервации, или да направат онлајн да си ги купуваш картите, да принташ дома, да покажеш баркод од мобилен, абе има 300 начини, али не им се инвестира, мене така ми делува.