Едит: Дополнително, препорачувам:
eXistenZ - http://www.imdb.com/title/tt0120907/
Зеро, имам една молба

Ај ако сакаш објасни ми што е тоа што толку ти се допадна во филмов?
Еве мене од вчера ми е пуштен, на рати го гледам, денес планирав да го догледам, ама не ми оди некако, уште 20 минути има...
Некоја чудна фантазија, ама не чудна во позитивна смисла. Има фантазија и фантазија, оваа ми е некако претерано, непотребно грозна. Како да е снимен филмот во кланица на некои домашни животни, ама во паралелен универзум

Сум гледал занимливи хорори, акциишта со крвишта, сум ги гледал и Тарантино и Родригез, сум гледал и разни СФ, ама овој филм појма неам во кој жанр да го ставам

Не, навистина, ако нешто сум испуштил, ако има нешто што треба да се види меѓу редови, во спојлер напиши го, баш ме интересира...
Или пак ќе треба да го догледам, можеби на крајот е интересното, а?
П.С. Не е со иронија муабетов, озбилен сум. Да не се разбериме погрешно, па да треба да го изгледам два пати филмот под казна
