СПОИЛЕР мислење.
Хобитот, разочарување. Полош и од првиот дел. На моменти не ми се веруваше дека режија е Питер Џексон, на моменти кадрите и промените меѓу кадрите ми изгледаа како да се од некоја теленовела.
Сценариото мрзливо прилагодено на книгата, без внимание на логика. Детски и навредувачки кон публиката, за филм со вака богата продукција. Има безброј примери за смеење, но не сакам да им правам спојлери на тие што го немаат гледано филмот.
Како и да е, вреди да се гледа. Макар само затоа што е екранизација на Толкин.
Но ако не сте при пари, филмот не вреди за цената во Синеплекс (3Д + бонус должина на филмот = скапа карта). Во тој случај боље да се почека да излезе блу-реј снимка на нет.
СПОИЛЕР.
Филмот си вреди да се гледа без дискусија. Сепак светот си е тој. Како и да е HFR го упропастува филмот начисто. Никогаш не би гледал HFR во иднина ако не морам. Тоа е апсолутно катастрофално и треба да се забрани со неколку закони. Недај боже да има друг филм со HFR да мора да го гледам.
Филмот си е филм и си е дел од LOTR. Покрај тоа што HFR не ти дава да пропаднеш во сликата како што треба, ти ги утепува ефектите и се друго. Се се познава како е и што е. А не треба да се познава. Страшно, пред се. Значи поентата на филмовите е да навлезеш во филмот, а поготово за ваквите филмови.
Филмот како филм иако долг, брзо помина. Не ми беше досадано во ниеден момент. Секако се даваше само пола филм ама ајде. Значи во моментот кога филмот заврши јас мислев дека започнува. Го направиле како сериски филм. Овој дел од филмот требаше да искочи заедно со 3ката, а никако посебно. Всушност НИШТО не се дешава во филмов. Воопшто ништо не се деси. Се е спремање за следниот дел каде се очекува да се случи нешто. Се на се безвезе осмислено се гледа. Направено ради реда. Ем тоа, ем HFR... Значи филмот не е ништо посебно, како филм, туку треба да се перципира како меѓудел (исто како што пирати од карибите има 1, средина и 2ка. Така и Хобит има 1, средина и двојка. Значи сега се дава средианта во кино. Претпоставувам да се гледаат во домашни услови за неколку години филмовите хобит 1 па следниот ден средина, па следниот 2ка, би било таман. Ама неможе да излезе срединава сама без последниот дел. Затоа што е безвезе да ја гледаш самостојно. Стварно е безвезе. Тоа е како во реченица да имаш еден и два. Значи овој филм е „и“. Неможеш само сврзник да ставиш во реченица? Треба да го сврзеш со нешто тој сврзник. Затоа и се вика сврзник.
Филмот вреди да се погледне во 3D без HFR и ќе биде океј.