Хобитот, разочарување. Полош и од првиот дел. На моменти не ми се веруваше дека режија е Питер Џексон, на моменти кадрите и промените меѓу кадрите ми изгледаа како да се од некоја теленовела.
Сценариото мрзливо прилагодено на книгата, без внимание на логика. Детски и навредувачки кон публиката, за филм со вака богата продукција. Има безброј примери за смеење, но не сакам да им правам спојлери на тие што го немаат гледано филмот.
Како и да е, вреди да се гледа. Макар само затоа што е екранизација на Толкин.
Но ако не сте при пари, филмот не вреди за цената во Синеплекс (3Д + бонус должина на филмот = скапа карта). Во тој случај боље да се почека да излезе блу-реј снимка на нет.