Еве веќе сум на трета сезона од Брејкинг Бед...
Сеуште чекам да се случи нешто интересно во серијата...
Досадно ти е, ама ти сиротиот упорно ја гледаш...

Серијата е ебано добра бе, лудница е, ебена лудница!
Сценариото е прва лига, така добро изработени карактери и во литература ретко се среќаваат. Ма кога ќе размислам, освен во A Song of Ice and Fire од Џорџ Мартин, никаде и нема толку многу а толку добро направени карактери.
Глумата пак... повеќе од одлична, кастингот е топ, сите се како погодени за карактерите кои ги глумат. Гледаш сцена и веќе претпоставуваш како ќе одреагира ликот, ама не затоа што сценариото е предвидливо, туку затоа што ликот ти е така убаво доловен и претставен, што и акциите секогаш му се во карактерот на тој лик.
Серијава е нешто невероватно, јас со нејзе почнав да гледам серии уствари... имав одбивност кон концептот на серија, ваљда пошто цел живот не трујат со гомненици од серии, па не ни претпоставував дека медиумот некои го користат и за уметност. После видов дека има уште неколку серии кои се и тоа како вредни за гледање, и искрено подобри од мнозинството филмови што се прават во последно време.
Е сега, шо ме знаеш може јас сум некој забеган тип, и појма немам од седмата уметност. Можеби имам чуден вкус за филмови/серии, а можеби и сега пишувам од некој мал лаптоп прошверцан во душевна болница...

Ама кога легенда како што е Сер Антони Хопкинс ќе напише писмо до Брајан Кранстон (главниот лик од Брејкинг Бед) со честитки, и со пофалби за глумата... е тоа ваљда значи нешто. Сер Антони Хопкинс вели дека
во еден здив ја одгледал серијата, од пилот епизодата на прва сезона, па се до последната епизода на последната сезона. Ваљда му била „интересна„ серијата, а?

Туку ај вкусови се вкусови, како што има некои што милуваат да ги тепаат со камшик додека се облечени во чудни кожни костими, ваљда е можно да има и некои што ни им е интересна Брејкинг Бед.

Може ли да ми учиниш, и да ми наброиш нешто, филм или серија... која ти е интересна. Многу ме интересира твојот критериум за „интересно„!
