
Го гледав вчера, и одлично е доловена ексцентричноста на Стив Џобс. Секоја чест на Ештон Качер, одлично ги имаше погодено карактеристичните движења на Стив Џобс.
Од друга страна, Џобс е претставен како безгрешен и совршен. Бил визионер, несомнено, и компјутерската индустрија му должи многу, но истовремено бил манипулативен, арогантен и не му биле важни срањата кои требало да ги направи за да го постигне тоа што сака.
Како и да е, вреди да се потрошат 2 саати да се гледа филмот.
Истовремено, за оние кои не го гледале, има HD рип од 2 Guns. Го препорачувам на секого.