Филмот е можеби прв филм направен кај нас што не е „уметнички“ или со некоја квази-интелектуална порака во позадина. Едноставна, убава љубовна приказна за едно стварно тешко време. На моменти глумата потфрла, али многу ретко, и не ми беше пријатен нити природен моментот кога одговара старицата зошто се вратила во Македонија. Иначе, филмот е во глобала одличен, многу ми напраи мерак суптилното уфрлање на модерен Скопски сленг во муабетите.