Премногу недокажано.
Во најмала рака фали ова видео на крајот, барем да се знае што се постигнало со неговото замарање во Ферари.
А инаку, недоволно страст во документарецот, пред се во делот на апсолутна непобедливост и непокорност додека се нема најбрзата возможна опција и круг. На пример Шпанија 1996та, она што цело време го зборуваме. Човекот се трка со сам себе. Го поминува Вилнев, за 10 круга ЛЕТА и прави 40 секунди предност, го корне болидот и се, влегува во бокс плус од другите само за да може да го корне болидот уште толку. Излага од бокс, и за 5-6 круга пак е на 40 секунди од вториот. Тоа е Шумахер, а не да вози како баба и да одржава 10 секунди пред вториот колку за да победи. Страст за возење, страст да се биде најбрз, а не да се поведи, туку да се биде нај-нај. Нешто што во бројки пример го имаат постигнато и други, а сепак на Шумахер не му се ни до глуждови. Тој тркачки и натпреварувачки дух.