Од кога почна серијава, цело време има некои кои прашуваат дали вреди да се гледа, дали ова, дали она... има такви што се етаблираат како подобри од другите со муабетот: „Јас сум од тие што не гледаат ГОТ и тоа автомацки ме прај посупериорен од тие што гледаат“.
Серија како серија, почни ја, ако те бендисва гледај ја, ако не те бендисва не ја гледај и никому ништо. Јас ја гледам. На почеток имаше повеќе дешавки и цицки, па беше позабавна авантура, а како се редеа сезоните, така станува потупаџиска... ама затоа што сум потрошил време на другите сезони, не планирам да ја прекинам, ќе ја догледам.
А тоа дека е повеќе за паметни отколку за глупи јас не знам. Јас спаѓам во глупите што гледаат филмој од ќеф, без да го искористам бројот на изгледани филмови/серии за да бидам најпаметен во селото
