Се мислам дали да го гледам.
За мали пари денес луѓето прават се, а не пак за милијарда долари.
Мртов човек не може да се брани.
Како огромен почитувач на Мајкл Џексон често сум се наоѓал во ситуација како низ муабети застанувам на негова страна, во негова одбрана, иако одсекогаш сум велел за него дека е забеган скроз, како и сѐ останато во шоу бизнисот, музичари, актери, шоумени... ама сепак Мајкл Џексон е Мајкл Џексон. Музичарот кој го направи Трилер. Музичарот кој ангажираше плејада од реномирани режисери, продуценти актери, музичари, спортисти да соработуваат со него и целото тоа изгледаше врвно. Кој е Мајкл Џексон, сите сакаат да соработуваат со него...
Сите обвиненија ги земав здраво за готово, како демек не е битно, сѐ е за пари, за публицитет, за... битно е дека музиката, спотовите, играњето се одлични и тоа е тоа.
Исто излегоја обвинувања за злоставување, силување дрн дрн дрн и во Холивуд. Вајнстин, Спејси, Сталоне... едноставно стана во мода некои ни чуени ни видени што се вели, да зујат како муви наоколу, многу години покасно, па тужби...
И ете си велам ај да видам што ќе кажат со документарецот за Мајкл Џексон, иако јасно ми е цело време дека е забеган.
И го гледав сношти. Сеуште сум под некои импресии, кој е крив, кој е почео рат

Во вестите што секогаш ни се пласираат се оди од крајности до крајности, зависи од медиумот, зависи од темата и секогаш стојам на ставот дека вистината е некаде измеѓу тие крајности.
Мртов човек не може да се брани. Точно. Не може ни да се заканува исто така.
Од гледна точка на оштетените (доколку е навистина така), страшно! Од гледна точка на фан, сеуште ми респектабилно целото она што беше направено, како музички, така и визуелно. 100 стапа по туѓ грб не болат нели? Нема да бидам како Симпсонови што ја повлекоја епизодата со Мајкл џексон, па и јас да ја повлечам дискографијата и да ја фрлам в канта

Заклучок: Еден асолен нема во тоа шоу бизнисот (заедно со политиката, политиката е тежок шоу бизнис, да не ја заборајме и религијата). Човечкото суштество е толку алчно за слава, за пари, за публицитет... што нема граници во тоа што сѐ е спремен да направи, да издаде, да продаде... само да остани таму и да си ги исполни своите изветоперени желби.