Жена ми ја загледа, ја некако од прва ја изигнорирав пошто нели нешо краљица а-у, не ме занима, ама потоа се приклучив. И си вреди серијата. Од сосема друга перспектива го претставува кралството (и кралствувањето).
Кога сме кај гледање на серии-индуцирани-од-жените, да ја препорачам следнава:
The Young Pope
https://www.rottentomatoes.com/tv/the_young_pope/
Папски глупости, си реков. Досадни работи, претпоставив.
Грешка бев.

Немав намера да ја гледам. Ја побара жена ми, и ја симнав во најдобриот блуреј рип што беше достапен, и ја пуштив и седнав онака само да видам каква продукција е, режија, итн... И ја одгледав целата!

Џад Лоу ја носи серијава, но сценариото дефинитивно не е лошо, а режијата е одлична.
Препорачувам (барем за жените ви).

