Да не настанат недоразбирања. S16 малку претера со коментарите.
1) Сељак е начин на однесување и размислување, а не човек кој потекнува од село
2) Сељаците комуницираат со тупаници, а не-сељацитее учат школо и комуницираат со светот за да знаат како полесно да комуницираат и да се изразат
3) Скопје е едно село најголемо во земјава сочинето од збирштина од се и сешто од секаде. Сон на 80% провинцијалци на "модерна" Македонија е да се одселат во Скопје
4) Метежот во сообраќајот во Скопје е причинет од два фактори: несоодветната инфраструктура (патишта, тротоари и паркинзи) за бројот на возила и учесници во сообраќајот и сообраќајната не-култура на населението во Скопје
5) 90% од провинцијалците (мислам на оние кои не живеат во Скопје, а доаѓаат по потреба) не знаат да возат и да се снајдат во Скопје. Најчесто ги оставаат колите на влез/излез од градот и понатаму се возат со автобус или такси. Оние кои пак и покрај своето неискуство и незнаење се осудуваат да возат, за релативно кусо време предизвикуваат сообраќајна пиздарија.
6) Најголеми прекршители на сообраќајните правила и прописи се таксистите. Некој на форумов рече дека таксист не е професија туку дека тоа е дијагноза. Секоја чест на ретките исклучоци, но тие не се доволни за да може да се корегира општата слика за таксистите.
Во контекст на точка 5, завчера бев сведок, како еден сељак(по сите норми и стандарди) од прилепско со големо комбе непрописно натоварено со проста маса навијачи од една политичка партија, на Партизанска си дозволи на црвено да сврти лево за да се приклучи кон Никола Парапунов (Карпош 4). Од другата страна човекот си возеше прописно и неочекуваше дека будалава ќе му улета по што дојде до директен судир на комбето со патничкиот автомобил. За среќа имаше само лесно повредени.
До сега имам видено многу сообраќајќи, повеќето кај мене пред куќа (годишно има во просек 100 може и повеќе). Речиси секогаш кога во сообраќајката учествува возач од надвор тој е причинтел на инцидентот поради непочитување на сообраќајните знаци и правилата за предност при преминување на раскрсница.
Како и да е, можеби кривицата за неискуството на оние шофери кои не се во Скопје е тоа што немаат соодветен сообраќај каде може да се извештат нивните шоферски способности. Но најголема кривица сносат автошколите и комисиите кои многу лесно делат возачки на кој треба и кој нетреба.
Како пример за ова ќе го споменам Охрид и Тетово. Таму не важи ниедно правило и пропис. Не се даваат жмигавци, не постои зона каде смее или не смее да се застане или паркира, предност има кој е најбрз, едносмерните улици имаат смер на движење на оној кој е појак или е поголем инат, автомобилот се паркира онаму каде најмногу ти одговара и небитен е бројотна паркинг места кои ги зафаќаш и тн.
Секако дека и во Скопје има такви несовесни возачи, но по глава на жител оваа бројка е драстично поголема во другите градови.