Тие што ги мрзи, е нивни проблем. Ако ти ми дадеш пример за VW-Srbija кој е затворен, јас ќе ти го дадам VWVortex (форум со 620.000 регистрирани и 44.000 активни членови) за отворен.
Политиката на форумот е да биде отворен и достапен. До сега таа политика се докажала како успешна, а статистиките за посетеност го докажуваат тоа. Нашата цел не е да привлечеме се и сешто на форумот, туку да привлечеме ентузијасти кои сакаат да се дружат и комуницираат со други ентузијасти за автомобили. Секој ден имаме во просек по 3 нови регистрирани членови.
Ако некој пишува без да се претстави, нека му служи на чест. И на крају краева, какво претставување сакате? Копија од лична карта, извод од матично, крвна група и 2 слики? И да се претстави некој, ќе рече „Здраво, ја сум тој и тој (никнејм), од таму, и возам тоа и тоа.“ - никакви битни факти за идентитет. Многу е поважно учесниците на форумот да ги следат правилата и да се однесуваат културно, откако да се претстават.
Опуштите се, уживајте во форумот и не се замарајте со небитни работи.