Автор Тема: Ваши забелешки, проблеми, предлози  (Прочитано 893766 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #345 на: 06 Септември 2011, 13:59:12 pm »
Дечки ич не прифаќате нешто да ви се каже или некој нов да спомне нешто. Нема да се проширува заедницава на тој начин, а тоа не чини. Што ви е форава со „Шоу хим хис плејс.“ незнам, ама крајно револтира. Све живо лично да се гледало и да неможе да се комуницира како човек. Незнам што ви е планот, ама вака ич не е убаво. А и затоа настануваат проблеми. Не оди некако... Како сакате прајте си, јас да ви кажам како изгледа тоа гледано од страна.

П.С. Нема да се изразам поконкретно и подетално.

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #346 на: 06 Септември 2011, 14:19:04 pm »
Мене стварно не ми е јасно зошто некој членови се зачленуваат за да провоцираат , ич не ми е јасно што сакаат да докажат . Во последно време многу врие атмосферата на форумов , ова го направил Зеро за дружба и за познавачите од автомобилизмот со цел да си помогнеме , да се пошалиме насмееме , и најбитно да се спријателиме , утре ќе треба да се погледнеме во очи да се поздравиме и поправиме човечки моабет . Некој луѓе сакаат да го искористат форумов за провокации кон некој членови , од тие провокации искачаат караници , закани а недај боже и до некој тепачки . Не се толку битни колите колку што е битно пријателството кое си го градиме на форумот , еве јас се спријателив со многу луѓе и утре со нив ќе си терам добри односи , моабет шала , пивце и тн .

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #347 на: 06 Септември 2011, 14:42:54 pm »
Зачистени се темите. Соодветните засегнати страни се опоменати. Да се надеваме дека ќе се надминат недоразбирањата.

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #348 на: 06 Септември 2011, 14:46:01 pm »
Зачистени се темите. Соодветните засегнати страни се опоменати. Да се надеваме дека ќе се надминат недоразбирањата.
Да се надеваме :)

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #349 на: 06 Септември 2011, 23:51:30 pm »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 23:41:13 pm zippo »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #350 на: 07 Септември 2011, 07:55:27 am »
Фала к...у !

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #351 на: 08 Септември 2011, 21:12:17 pm »
Ајде, нерегистрирани посетители не можат да го видат Гаража форумот.

Сепак се гледа гаража форумот, ако добро ме служи видот :D

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5198
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #352 на: 12 Септември 2011, 14:28:40 pm »
Може ли да го заклучите форумот да не се чита без претставување прво, се повеќе се појавуваат луѓе кои не се ни претставени а пишуваат...мислам дека идејата е добра сепак да знаеме со кој збориме општа култура е прво да се претставиш :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #353 на: 12 Септември 2011, 14:52:21 pm »
Може ли да го заклучите форумот да не се чита без претставување прво, се повеќе се појавуваат луѓе кои не се ни претставени а пишуваат...мислам дека идејата е добра сепак да знаеме со кој збориме општа култура е прво да се претставиш :)
И да се претстави некој ќе му веруваш? Може има може нема задни намери...
А заклучување на форумот без претставување мислам дека технички не е можно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #354 на: 12 Септември 2011, 15:22:04 pm »
И е крајно револтирачки и крајно глупаво, и крајно нервира и крајно би го баталил некој форум ако неможам да го видам од одма...

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #355 на: 12 Септември 2011, 15:42:49 pm »
Може ли да го заклучите форумот да не се чита без претставување прво, се повеќе се појавуваат луѓе кои не се ни претставени а пишуваат...мислам дека идејата е добра сепак да знаеме со кој збориме општа култура е прво да се претставиш :)
И да се претстави некој ќе му веруваш? Може има може нема задни намери...
А заклучување на форумот без претставување мислам дека технички не е можно.

Oх, и тоа како е можно ... Знам еден куп што го читаат форумов, а не се регистрирани како членови, и сметам дека треба да остане форумов затворен...

VW-Srbija работи на тој принцип, само што кај нив е направено, се дур не се претставиш, нема да можеш да ја видиш Гаражата ...

И е крајно револтирачки и крајно глупаво, и крајно нервира и крајно би го баталил некој форум ако неможам да го видам од одма...
Сигурен си дека нема да те копка барем малце да ја видиш гаражата, а со тоа ке мора да се регистрираш, и да се претставиш... Откако си ги направил двете, ништо повеќе не те спречува да почнеш да постираш и да поминеш од посетител во активен член ...

Голем дел ги мрзи да се регнат за да можат да пишуваат ...
« Последно менување: 12 Септември 2011, 15:45:42 pm Tommy »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #356 на: 12 Септември 2011, 15:54:37 pm »
Тие што ги мрзи, е нивни проблем. Ако ти ми дадеш пример за VW-Srbija кој е затворен, јас ќе ти го дадам VWVortex (форум со 620.000 регистрирани и 44.000 активни членови) за отворен.

Политиката на форумот е да биде отворен и достапен. До сега таа политика се докажала како успешна, а статистиките за посетеност го докажуваат тоа. Нашата цел не е да привлечеме се и сешто на форумот, туку да привлечеме ентузијасти кои сакаат да се дружат и комуницираат со други ентузијасти за автомобили. Секој ден имаме во просек по 3 нови регистрирани членови.

Ако некој пишува без да се претстави, нека му служи на чест. И на крају краева, какво претставување сакате? Копија од лична карта, извод од матично, крвна група и 2 слики? И да се претстави некој, ќе рече „Здраво, ја сум тој и тој (никнејм), од таму, и возам тоа и тоа.“ - никакви битни факти за идентитет. Многу е поважно учесниците на форумот да ги следат правилата и да се однесуваат културно, откако да се претстават.

Опуштите се, уживајте во форумот и не се замарајте со небитни работи.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #357 на: 12 Септември 2011, 16:18:00 pm »
@ZeroSignal
Може и брис од грло :P ...

VW-Srbija не е затворен, само една тема не може да се гледа - ГАРАЖА...
Споредбата со Вортекс е многу интересна, најпрвин што потенцијалната база на членови е сосема различна.

Крај краева, тоа е ТВОЈА одлука, само изнесов мислење, во блиска иднина ке си ги задржам за себе сугестиите ....

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #358 на: 12 Септември 2011, 18:50:41 pm »
Сугестиите се добредојдени, и секоја сугестија е земена  во предвид. Пробувам се што ќе предложат сите корисници, и ги гледам резултатите. Соодветно применувам некои од тие сугестии, или не.

Мал недостаток на системот што го користиме за форум е што ако форум е направен да е непристапен за нерегистрирани корисници, тогаш е целосно невидлив - како воопшто да не постои - а тоа е контрапродуктивно за форумот. Додека беше невидлив форумот Возила на Членови, нови регистрирани корисници скоро и да немавме. За да проверам дали е коинциденција или не, го направив повторно видлив, и повторно почнаа регистрациите на корисници.

Водам форуми веќе подолго време (првиот форум што го водев, го водев од 1998-ма до ~2005-та) и многу добро ги имам научено лекциите околу тоа. Има моменти каде што некои работи успеваат, некои не. Учествување на ваков форум не е некое право, но не е ни посебна привилегија. Се што луѓето објавуваат, го објавуваат по своја желба, и самите си ги сносат последиците од тоа.

Како што веќе неколку пати имам кажано - форумот не го сметам за МОЈ, туку за заеднички на нашата заедница.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #359 на: 12 Септември 2011, 18:54:07 pm »
Сугестиите се добредојдени, и секоја сугестија е земена  во предвид. Пробувам се што ќе предложат сите корисници, и ги гледам резултатите. Соодветно применувам некои од тие сугестии, или не.

Мал недостаток на системот што го користиме за форум е што ако форум е направен да е непристапен за нерегистрирани корисници, тогаш е целосно невидлив - како воопшто да не постои - а тоа е контрапродуктивно за форумот. Додека беше невидлив форумот Возила на Членови, нови регистрирани корисници скоро и да немавме. За да проверам дали е коинциденција или не, го направив повторно видлив, и повторно почнаа регистрациите на корисници.

Водам форуми веќе подолго време (првиот форум што го водев, го водев од 1998-ма до ~2005-та) и многу добро ги имам научено лекциите околу тоа. Има моменти каде што некои работи успеваат, некои не. Учествување на ваков форум не е некое право, но не е ни посебна привилегија. Се што луѓето објавуваат, го објавуваат по своја желба, и самите си ги сносат последиците од тоа.

Како што веќе неколку пати имам кажано - форумот не го сметам за МОЈ, туку за заеднички на нашата заедница.
Тајната на успехот и неуспехот на било кој форум како целина се сведува на ова.