Дечки, стварно нема потреба да ми ги кажувате овие работи. Знам, верувајте, и доволно се нервирам. Конкретно, прошливе неколку дена имаме проблеми со спамери.
Енивеј, од викендов се селиме на нов хост, со посебни акаунти за главниот сајт и за форумот, лоцирани во Македонија. Пристапот би требало да е значително побрз, а да нема вакви проблеми. Барем се надевам. Тоа значи дека можеби нема да бидеме достапни ден-два, ама ќе средиме.