На латиница да нема забуни, барем по мене.
На латиница ги оставаме брендовите и моделите. Локации генерално сакам да бидат пренесени на Македонски, особено ако се добро познати места. Од време на време улетува некое вакво малку понесекојдневно место.
и јас мислам дека имињата на возилата треба да бидат на латиница, а опционално ако сакате во заграда ке го напишете на кирилица.
Армекс зборува за географска локација, не за возило. Возилата секогаш сме ги оставале на латиница.
Во македонскиот правопис се` се пишува на кирилица со соодветна транскрипција (или како се викаше веќе тоа). На некој може да му се допаѓа или не, ама така е правилно.
Фонетска транскрипција - да се напише како што се изговара. Да, по правопис сè треба да се транскриптира, но не треба да биде директна транслитерација (замена на латиничните букви со кирилични) - а и немаме соодветни замени за некои букви.