еднаш више спомнав, ама “газдава“ на форумов не ме ни регистрираше дека прашав...
знчи предлагам со правило да се забранат повеке од двапати во една тема да се употребат следниве зборови:
-бамп
-бумп
-обнова
-дрн дрн дрн што и да е
за обновување на огласи... мене ми е иритирачки, да отворам некоја тема за оглас во која првиот пост е огласот, во вториот е некој коментар и следните 15 се само обновување на огласот со овие зборчиња или некоја слика со слична содржина за реобновување на огласот се со цел да дојде погоре... ако има интерес некој за огласеното ке се појави во првите 12 саати.. обновувања и слични ствари се тотално дегутантни да се прават толку често...
значи предлогот е да се донесе правило да нема обновување на оглас со таа цел. евентуално ако има промена во цена (намалување) да си пише нов пост со кој би ја постигнал саканата цел повторно, ама па така и ке стане поинтересен огласот... сакаш обновување? намали ја цената... не би да посочувам никого со прст кој и како, ама на форумов има стварно упорни момци по тоа прашање...
мене огласот за делови за форд ми е на 5-6 страна... па ми се јавуваат и прашуваат... за тастатурата бил на претпоследна страна... крис ме побара, го нашол огласот... и упте некој беше го нашол и ме исконтактираа... сакам да кажам кога на некој нешто му треба, ке побара и ке најде... не е правило дека ако ти е меѓу првите дека си топ тема и дека некој ако решил да купи појачало за кола, нема да го купи затоа што ти си прв и продаваш тастатура и наместо појачало парите ке ти ги даде тебе за тастатурата...
админ, произнеси се по мојов предлог за оваа дегутантна појава... или да ставиме точка по ова прашање или јас и моите истомисленици да не ги отвораме тие подфоруми више... аминот е твој...