Автор Тема: Ваши забелешки, проблеми, предлози  (Прочитано 895409 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1125 на: 21 Мај 2012, 10:46:05 am »
Сите си имаме убави предлози, мора да признаам, секој предлог со свои позитивни и негативни работи. Јас сепак, како член на кој многу му се допаѓа форумов, би донирал лично одредена сума, а сигурен сум дека има и други членови кои би го направиле истото.
Every little counts, ако може да се помогне со симболични суми, зошто да не. Под секој аватар на член кој донирал одредена сума, би стоело некое соодветно знакче, баш како на fiatforum.com што им стои .
Тоа не значи дека може да се понашаат како сакаат на форумот и дека не може да бидат санкционирани, туку едноставно, виделе аир од дискусии и совети, па решиле да подарат некој денар. Нормално, сите овие размислувања се за да му се помогне на дер Админ, и не мора да ги земе во обзир, сепак тој е главниот кој ќе го одреди текот на понатамошниот развој на форумов :)
« Последно менување: 21 Мај 2012, 11:01:39 am Simo - Carrier166 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1126 на: 21 Мај 2012, 10:59:14 am »
5 марки сум дал, ако треба уште 5 ќе дадам!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1127 на: 21 Мај 2012, 11:29:30 am »
Класниот е многу мек по ова прашање, бар така мислам.
И јас мислам дека е така. Треба да се стави Голфот под г’з, телефонот на уво и да се појде во акција. Ако ова веќе се случило класен не ми замерувај, знаеш дека сум на наша страна.

Па за тоа може само он да реши, не можеме ние членовите на форумот. Дали ќе зима пари од пријатели/спонзори, колку и како е само негова работа ;)
Така е. Но меѓу нас има многу искусни и стручни луѓе на полето на комерцијалата кои можат да излезат со предлози и совети за помош.

Во ниедна конотација CarClub не треба да биде здружение за правење профит. А доколку се оствари некаков приход, намената би била за организирање евенти, промоции и слични активности за развој на клаберството.
Токму така Гојдо. Кога би имало профит кој би го присвоил? Би го делеле на 1000 делови (членови)? Кај здруженијата на граѓани и непрофитните организации праксата е сите трошоци за хостинг и одржување да се истакнат јавно и да се покаже кој учествувал и на крајот од месецот дали трошоците се задоволени. Нешто како costs met this month: 50%. И да не се успее да се задоволат потребите тука сме сите членови на доброволна база да придонесеме класниот да не ги сноси сам сите трошоци од кои имаме сите бенефит.

Мој членски предлог е веднаш да се закључат темите на фирмите ( кои и така ги нема со денови/недели осем коа треба нешто да се испофалат ) а да се откључат ако се договори соодветна финансиска сатисфакција за нивното „фали ме усто„.
Се сложувам, секако откако ќе се запознаат со условите (новите) за учество на форумот и поседувањето на сопствен подфорум. Исто така треба да им се објасни на фирмите дека ние ОСУДУВАМЕ СЕКАКВИ ОБИДИ за притисоци и однесувања со кои би се фаворизирала одредена фирма-член на форумот над некоја друга од истата дејност.

Јас сум голем поддржувач на идејата за финансиска партиципација на фирмите членови, си знае тоа класниот и сум расположен за секаков вид на помош окулу ова прашање.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1128 на: 21 Мај 2012, 11:39:12 am »
Јас Carclub не го чувствувам како нечија сопственост. Сите членови имаат дел од него и секој има поголем или помал допринос. За да нешто од овој тип постои и се надгради потребни се финансиски средства. Јас оваа проблематика би ја решил на следниот начин. Би одржал состанок со сите членови на форумот, виртуелно со закажана дата и време. Да се изнесат сите досегашни трошоци и трошоците за тековно одржување на годишно ниво. Вкупната сума ќе ја рачунаме како оснивачки капитал. Секој член може да учествува при што за возврат би добил одреден % "сопственост". Потоа би било потребно формирање на уредувачки тим кој ќе се консултира меѓусебно за изгледот, темите и барањето спонзори за порталот. Успехот е загарантиран.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1129 на: 21 Мај 2012, 11:40:57 am »
Да го пуштиме Карклуб на берза. БТВ неможе да принудуваш некој да плаќа. Пари се земаат само од реклама. Така функционира било кој добар медиум на светов. А донации се исто возможни, ако има соодветен систем за извршување на истите.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1130 на: 21 Мај 2012, 11:47:05 am »
А донации се исто возможни, ако има соодветен систем за извршување на истите.
Не е тоа никаков проблем. Може да се соберат донациите на име на членарина. Би имале само законска обврска на крај на година да поднесеме некој извештај ситно за примени пари во ЦР и толку. На тој начин ни функционира нас астрономското друштво и се подмируваат трошоците за режија и хостинг.

@ Куоре, предлогот е убав ама мислам дека ќе има тешкотии да се парламентаризираат толку многу луѓе. На класниот ќе му скисне дури и самата организација а камо ли нешто повеќе.
« Последно менување: 21 Мај 2012, 12:09:24 pm Falanga »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1131 на: 21 Мај 2012, 12:04:28 pm »
@Deni, никој не те обврзува да платиш. Јас очекувам од 1000 членови во оснивачкиот капитал да влезат 20-30 члена со различен удел. Би одредил некој минимум од 5 евра па кој колку може толку нека си плати.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1132 на: 21 Мај 2012, 12:14:09 pm »
Најдоброто нешто засега, како што гледам е да се понудат реклами на некои фирми, и за тоа да се зема месечен / годишна одредена сума. Мислам дека со тие пари таман ке се плати хостингот и сите други попратни трошкови кои што ги има форумот во моментов. Чудно што Зеро го нема да се изјасни околу темава / предлогот...

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1133 на: 21 Мај 2012, 12:16:29 pm »
Зеро се изјасни на претходната страна.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1134 на: 21 Мај 2012, 12:23:27 pm »
Уф sorry , не го видов тоа...Како и да е , за една фирма нема да биде проблем да донира 500-1000 денари годишно, со што би добила реклама бесплатна на порталот, како и привилегиран статус на форумот. Со тоа би ќариле неколкукратно од членовите со тоа што би им понудиле делови, автокозметика итн и со тоа би остварувале профит. истотака не е на одмет да донираме и ние обичните членови по некоја стотка, пошо многу членови по една стотка и еве го хостингот и се друго..

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1135 на: 21 Мај 2012, 12:27:00 pm »
Абе Деки, секако дека не е проблем за фирма да даде по 10-20 евра месечно за рекламирање кое е МНОГУ ефективно, но проблем е за нивните недоволно интелегентни газди да увидат што е добра бизнис можност. Алал вера на исклучоците. Еве го охрабруваме Зеро да ја институцијализира работава окулу решавањево на трошоците па да се види во пракса што ќе биде. Убаво кажа тој да не шпекулираме пред време.

Поправено :) Фала Дени

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1136 на: 21 Мај 2012, 12:27:30 pm »
Да не вреѓаме - мислам.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1137 на: 21 Мај 2012, 12:33:15 pm »
ОК Фаланга, оставаме на зеро да прави, како што сака тој..Како одлучи тој , така нека биде.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1138 на: 21 Мај 2012, 12:35:01 pm »
Овој Форум не е како сите други форуми. Без разлика колку се посетени и успешни. Овој е подобар, затоа што има многу допирна точка со вистинскиот живот, затоа што се дружиме се гледаме се знаеме. Реклама на форумов вреди многу повеќе од реклама на некој си друг форум. Меѓутоа трансформацијата би била многу тешка а доколку се сака да се зимаат спонзорства од фирми ќе треба да се направи трансформација од корен.

Ако јас се прашувам мислам дека најпаметно би било да се почне од желните да станат членови на КарКлуб и да добијат членски картички. Па кога ќе плаќаат членови никој нема да може да се љути што ќе се побара од него како фирма која има придобивки од сето тоа.


Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1389
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #1139 на: 21 Мај 2012, 12:36:34 pm »
Абе што се заебааш, 500-1000 годишно. Јас би им дал 50 Евра месечно. А таа прикаската со попустите и смешна. Дал си ти член на Carclub или не, идеш се ценкаш и пак на краојт ќе добиеш попуст.

Зошто повеќето викаат помини ќе видиме? Зошто немаат ценовник, па одокативно те делкаат и џоамити попуст ти даваат. Никој, повторувам никој не добил попуст од билокаде затоа што е член на CarClub. Да не те проверува фирмата на форумот ако им се појавиш.

Газда на форумот е класниот. Не е невладина и непрофитабила организација. Донациите се добродојдени но не се морални ( како во Фиатовиот форум на Симо ) , ама дефинитивнио, фирмите или да си платат за намнските теми, или нека си одат. Некој голем информативен ќар од нив нема, осем самофалби. Ова особено се однесува за реномираните фирми, а секако може да се напраат отстапки за фирмите кои што се нови на пазарот, и би растеле заедно со carclub