Ќе го замолам администраторот, да го избрише мојот акаунт на форумот.
Поздрав до оние со кои се сложувавме, поздрав и до оние другите.
Бидејќи јас ги "прекршив" правилата на однесување на овој форум, бидејќи долго време бев "толериран", мојот ник кој јас си го одбрав, а за кој долго време бев оспоруван, сакам да биде избришен.
Благодарам.
Се најдобро понатаму на сите.
Никогаш не спомнав за прекршување правила. Спомнав за некоректно однесување и континуирано инсинуирање дека постојат „миленичиња“. Толериравме.
Неколку пати се обидов да ти објаснам дека не си во право, на еден начин или на друг.
Првиот (или вториот) пост ти беше напад на наши членови. Толериравме.
Се обидувавме да ти укажеме на многу различни начини дека пристапот не ти е во ред. И јас, и други членови, без никаков одзив. Толериравме.
Ти си тој што лаже од самиот почеток дека нема кола. Толериравме.
Меѓутоа кога почнуваш да ја вмешуваш администрацијата и да зборуваш работи што стварно не се во ред, редно е јавно да се опомене по неколкуте приватни опомени, кои арогантно не ги прифаќаш. Ти реков, кога сите ти укажуваат дека нешто грешиш, можеби е време да размислиш дали стварно е така.
Акаунтот не ти го бришам. Се надевам дека ќе го промениш мислењето и ќе решиш да останеш дел од овој форум. Секој член го цениме и го почитуваме.
Поздрав!