(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Одлична тура.... Сакам и Јас!!
Него не би било лошо да отвориш една тема за ова... имам уште многу прашања за тебе (и под прашања).
Колку планираш да те кошта ова задоволство, колку км, сместување..... ??
Само би додал уште од тие зелените точки по пат... ама како и да е ти посакувам среќен пат и леп провод!
И никако да не заборавиш во Минхен: музејот http://www.deutsches-museum.de/en/information/ и секако http://www.bmw-welt.com/en/
Не отварам тема, пошо у моментов нема потреба

Не би знаел колку ќе кошта, а немаме баш најсјаен буџет на располагање... Ама ќе видиме нешто ќе се истера

Негде накај 4000 км фаќа турата, со сместување во кампови, за да можеме и кучето да си го земеме со нас. Се посетуваат Белград, Будимпешта, Виена, Илмниц (во близина на Виена), Прага, Минхен, Баварските езера и замоци, па Давос, Стелвио, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје на крај. Загреб и Сараево остануваат под знак прашалник, односно зависи дали ќе можеме да си ги најдеме познаниците во тие градови, за да ни овозможат престој
Тоа е тоа сега за сега.