Уште од млад ми се врти х6 низ глава, така моќно ми изгледа и кај понежниот пол ти ги зголемува шансите за клецање.
Ај си викам ќе одам да си купам.
Вчера одам кај пријател седиме на маса правиме дил 4.0д со 8степен аутоматик 170к км на тахо. Убаво изгледа моќно, 20ки бандажи, камери за рикверц се што си оди по пропис од опрема. Ентериерот потпросечен, крца и тропа, внатре изгледа малку поубаво од бмвто кец што го имав. Убаво се седи и многу директно управува, некоја кратка летва има и е многу прецизен. Ок седнав да го возам. Крајно неудобно возило, скока треска рипа по нерамнини. Очекував луксузна вожња, тивка, мека ко на летечки килим, кога тоа кочија. Се разочарав многу, и никогаш веќе не би се воодушевил на такво возило. Не ми понуди ништо повеќе од моменталнава кола што ја возам. Не ги разбирам луѓето што фрлаат над 100к за такви возила, дури овој ме убедува дека не било ова Германија затоа вожњата не е удобна. Глупо звучи ама пасатот не би го дал за тоа бмв глава за глава, а не па да доплатам. Следна цел ми е а7 или панамера, ама ќе треба уште работа и штедење за нив.
Sent from my VTR-L29 using Tapatalk