Автор Тема: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници  (Прочитано 169368 пати)

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Еве слики од панелите кои што се фарбани. Ова се само задниот браник, левите панели на вратата, хаубата, врвот на предниот браник и едвај стигнав до фарбаното десно крило. Финишот на бојата не можам да го доловам со апарат, има груб финиш, нерамен и без многу сјај, кога поминувам со раката преку бојата звучи како преку А4 формат лист да тријам...

Ова е возачкиот ретровизор, рекоа „ќе ги прснеме“.. Епа го прснаа, од надвор не е страшно али од внатре нема боја и се гледа долниот слој...


Ова е заштитната пластика залепена на браникот пред петтата врата (багажникот).


Ова е ќошот од браникот каде што се затвара багазникот, се познава дека го фарбале браникот со затворен багажник... Бојата е рапава како 1000ка шмиргла.


Офф леле... Ова е под браникот. Треба ли да коментирам тука??


Ова е десната ивица од браникот, позади задното тркало.


Ова е левата страна. Сликиве се како јас се движам од задниот браник кон предниот.


Е сеа хаубата.. Беше ептен тешко да се слика црна рефлективна површина, така да не му замерувајте на фокусот...  ;D
Бојата на мојата кола не е металик. Обична, црна боја. Новата боја на хаубата исто така е обична црна неметалик боја, а тоа не се метални парчиња, тоа се прашинки, апаратот поради блицот само ги прави да изгледаат како металик „flakes“. Површината е совршено чиста, пребришана со квалитетна микрофибер крпа. Инаку крпата е во сликите само за да помогне со фокусот.


Тука се познава колку е нерамна самата боја, целата хауба е ваква нерамна, кога возам ноќе сите рефлексии ми делуваат како на море да сум..


Тука се обидов да го доловам финишот на самата боја.


Сите слики до сега се од хаубата, која што е фарбана, и сите слики се главно од левата страна (пошо таму стоев). Сите овие точкички и оштетувања што се гледаат се осеќаат на допир и подигнати се од површината, како мини бубулици. Мал милион ги има по целата хауба, овие што се сликани се само од едната страна и под еден агол на светло што можев да ги забележам.. ГАРАНТ има уште други кои што не сум ги ни забележал.

Ова е еден дел од браникот кој што стои на крајот на хаубата, практично над „grill“ -от, не се познава на апарат, а и не е толку страшно во живо, али вреди да го спомнам...


Ова е фарбаното предно десно крило. Пак ќе напоменам, тоа не е металик боја. Тоа е „overspray“ од сивата боја со која ги фарбале браниците. Дента кога ја земав ја осеќав буквално БУКВАЛНО како шмиргла 2000ка. Одкога ја исполираа е далеку подобра меѓутоа сеуште не е како што треба да биде.


На оваа има совршен пример за „Orange peal“ ефект, бојата во долниот дел на крилото изглеа како кора од помаранџа.


Јас сум крајно незадоволен од целиот финиш на фарбањето, ОСОБЕНО од полирањето. Сервис богдановски не би го препорачал ни во сон, судејќи по моето лично искуство можам само да кажам БЕГАЈ дур имаш гориво во резервоар. Ако на сервисот богдановски им е само дур ги дадам парите да викаат „да да, нема проблем, ќе средиме“, а после да ме избркаат ко да им бодам прст у око, ондак можам и јас да го споделам тоа мое искуство. Јас не барам перфекција, тоа и не верувам дека е возможно, меѓутоа дај не ме заебавај ова не е во ред. Би можел да пишувам до сабајле, али ај да не го тупам.. Tоа е тоа.
« Последно менување: 30 Мај 2016, 22:29:59 pm Стефан_Т »

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Ова е како прирачник за грешки при фарбање.

Бидејќи работам како контрола на квалитет во автомобилска индустрија, па една од областите е и проверка на фарбањето, имам видено секакви глупости, ама ова што го гледам на твојава кола не верувам дека некој би можел да го направи и уште да го предаде ваквото возило на купувач... страшно.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3226
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
ccc ne mi se veruva kolku fuserski...

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Страшна работа.

Некои ова го нарекуваат уметност - а јас би го казнил дебело (тоа никад, па ни тад - можда во некоја нормална држава). Мислиш имаш airbag, а уствари имаш цигла.


Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 325
Исто и со враќаните километражи - не е крив "мајсторот" туку опинокот што го носи ер-бегот на маскирање.

Добра работа е што бојата на перничето секогаш ќе двои, па само неписмен ќе се фати на куката. #naturalselection

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Стефан, во најмала рака стави ги сликите на ФБ и тагни ги. Јас ги имам како пријатели на ФБ и ставаат коли кои се добро завршени и уживаат да се фалат, ако не ја видев твојава кола ќе мислев дека работат одлично. Вака никогаш не би однел кај нив ништо.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Страшна работа.

Некои ова го нарекуваат уметност - а јас би го казнил дебело (тоа никад, па ни тад - можда во некоја нормална држава). Мислиш имаш airbag, а уствари имаш цигла.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Кога го видов перничето на Facebook си помислив дали се толкави идиоти да стават ваква работа јавно.

И јас како Саше гледам добро офарбани, средени, ама после перничето и ова тешко дека би отишол кај нив.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Добро како може фарбано крило да има волку swirls, добро што правеле овие не ми е јасно? Абе со четка или ваљак да земев поубаво ќе исфарбав.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2851
Добро како може фарбано крило да има волку swirls, добро што правеле овие не ми е јасно? Абе со четка или ваљак да земев поубаво ќе исфарбав.
После фарбањето го полирале ама ете колку разбираат од полирање :D ;D :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
....

Ова што го направиле е криминал. Не треба ти да им платиш за ова, треба они да ти платат отштета за уништеното возило :( Само во нашава држава може да опстои некој сервис со ваков фушерај! Срам да им е!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3226
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Katastrofa , kako ja usvirlale kolava  izgleda namerno da ne dvoi so ostanatiot del  ;D...inaku potpolno se soglasuvam so deckite gore i jas mislev po sliki na fb deka razbiraat nesto ama po slikive .....

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Ако имате штета во Евроинс, според нив смеете само кај Богдановски да го поправате. Причината е дека имаат договор за соработка и една поправка кај нив чини 10.000 денари, а во секој друг нормален сервис барем 3-4 пати поскапо. Па сега видете каков квалитет може да пружат за 4 пати пониска цена :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одамна ги гледам глупостите на “сервис„ Богдановски ама нејкев вака јавно и по форуми затоа што стално ќе се појави некој да ми објасни што и како. Мило ми е што сте споделиле искуство и што имате вакво мислење. Ова со перничињата кога го видов одамна коса ми се крена во некоја нормална држава дечково би фарбал ограда од затвор со четка.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Не се преќутуваат работите!

Да се кажело, може ќе прочитал па немало да се заебе па да отиде.


Друга работа е добро критиката да дојде и до ‘‘мајсторот‘‘ па да гледа во иднина попрофесионално да ја среди работата и смени понашањето со странката.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг:
« Одговори #134 на: 31 Мај 2016, 23:26:06 pm »
Пиши си секако! Можда и специјална тема не е на одмет ако  сличајот се повторувал. Како на Гојдо таа со осигурањето дека го заебале.


Да се знае.