Еве слики од панелите кои што се фарбани. Ова се само задниот браник, левите панели на вратата, хаубата, врвот на предниот браник и едвај стигнав до фарбаното десно крило. Финишот на бојата не можам да го доловам со апарат, има груб финиш, нерамен и без многу сјај, кога поминувам со раката преку бојата звучи како преку А4 формат лист да тријам...
Ова е возачкиот ретровизор, рекоа „ќе ги прснеме“.. Епа го прснаа, од надвор не е страшно али од внатре нема боја и се гледа долниот слој...

Ова е заштитната пластика залепена на браникот пред петтата врата (багажникот).

Ова е ќошот од браникот каде што се затвара багазникот, се познава дека го фарбале браникот со затворен багажник... Бојата е рапава како 1000ка шмиргла.

Офф леле... Ова е под браникот. Треба ли да коментирам тука??

Ова е десната ивица од браникот, позади задното тркало.

Ова е левата страна. Сликиве се како јас се движам од задниот браник кон предниот.

Е сеа хаубата.. Беше ептен тешко да се слика црна рефлективна површина, така да не му замерувајте на фокусот...

Бојата на мојата кола не е металик. Обична, црна боја. Новата боја на хаубата исто така е обична црна неметалик боја, а тоа не се метални парчиња, тоа се прашинки, апаратот поради блицот само ги прави да изгледаат како металик „flakes“. Површината е совршено чиста, пребришана со квалитетна микрофибер крпа. Инаку крпата е во сликите само за да помогне со фокусот.

Тука се познава колку е нерамна самата боја, целата хауба е ваква нерамна, кога возам ноќе сите рефлексии ми делуваат како на море да сум..

Тука се обидов да го доловам финишот на самата боја.

Сите слики до сега се од хаубата, која што е фарбана, и сите слики се главно од левата страна (пошо таму стоев). Сите овие точкички и оштетувања што се гледаат се осеќаат на допир и подигнати се од површината, како мини бубулици. Мал милион ги има по целата хауба, овие што се сликани се само од едната страна и под еден агол на светло што можев да ги забележам.. ГАРАНТ има уште други кои што не сум ги ни забележал.
Ова е еден дел од браникот кој што стои на крајот на хаубата, практично над „grill“ -от, не се познава на апарат, а и не е толку страшно во живо, али вреди да го спомнам...

Ова е фарбаното предно десно крило. Пак ќе напоменам, тоа не е металик боја. Тоа е „overspray“ од сивата боја со која ги фарбале браниците. Дента кога ја земав ја осеќав буквално БУКВАЛНО како шмиргла 2000ка. Одкога ја исполираа е далеку подобра меѓутоа сеуште не е како што треба да биде.
На оваа има совршен пример за „Orange peal“ ефект, бојата во долниот дел на крилото изглеа како кора од помаранџа.

Јас сум крајно незадоволен од целиот финиш на фарбањето, ОСОБЕНО од полирањето. Сервис богдановски не би го препорачал ни во сон, судејќи по моето лично искуство можам само да кажам БЕГАЈ дур имаш гориво во резервоар. Ако на сервисот богдановски им е само дур ги дадам парите да викаат „да да, нема проблем, ќе средиме“, а после да ме избркаат ко да им бодам прст у око, ондак можам и јас да го споделам тоа мое искуство. Јас не барам перфекција, тоа и не верувам дека е возможно, меѓутоа дај не ме заебавај ова не е во ред. Би можел да пишувам до сабајле, али ај да не го тупам.. Tоа е тоа.