Автор Тема: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници  (Прочитано 146530 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5531
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #615 на: 28 Април 2024, 12:21:46 pm »
Хауба со бела основа и комплет китирање, филер, боја и лак е (беше) 150€.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54932
  • Махер
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #616 на: 28 Април 2024, 12:24:13 pm »
Хауба со бела основа и комплет китирање, филер, боја и лак е (беше) 150€.
Беше околу 80еур, ама ете ти велиш 150еур може станало. Ако рачунаш 200 нема да згрешиш.

Сепак во најмала рака дупло е поскапено од што беше.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5531
  • Шо да пишам тука?🤔
Ех мајсторишта - преваранти. Го имаме и прилепскиот Богдановски, слики деновиве, почекувам да се јави телефонски барем да се извини за штетата. Платено фарбање 500€ без ценкање, браниците пукнаа по 1 година. Кога се договоривме на негов трошок да ги исфарба браниците и уште некој дел за кој јас ќе доплатам (не е негова грешка) рече "во ред, имам премногу работа барај ме другата недела", тој муабет го повторуваше 3 недели со ред, за оваа недела воопшто да не крева на телефон. Јавно ќе биде објавен периодов  (без да се каже неговото точно име поради многу заеднички контакти и шпиуни на форумов) и сите негови изработки кои се фарбани "во комора" со налепената прашина, кривото китирање со дупчиња и пепел од цигара која ја пуши додека ги снима колите за на фб.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3788
Само у некој проблем си со мајсториве, ќе ти викаат веќе не работиме кога ќе бараш некоја работа да се заврши :D
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5531
  • Шо да пишам тука?🤔
Така е кај многу од преварантите, откако видоа дека се жалам кај нивни колеги, вратите за мене се затворени.
Дали е прифатливо да испукаат два браници за една година за кои е платено 300€? Од ќеф му дадов 500€ за сета работа комплет. Побара 450 и прибара уште 50 имало скапано некаде, во ред, ете ги парите унапред платени. Препорака од роднини, пффф...
Уште лани сме се договарале за браниците:


Испаѓам фер, не пуштам име и презиме од човекот јавно, не сакам да направам конфликт помеѓу мои роднини, пријатели и комшии со него, а знам дека ако објавам ќе имам и закани по живот.
Добро е што лимот е перфектно сработен, кога отидов кај роднина (откако веќе ја оставив колата да се фарба) да ми покажи колку добро мајсторот му ја исфарбал колата (постар човек), бојата беше ужас, orange peel, рапавост не знам до каде, она со полирање нема шанси да се извади, потоа одам на кафе со другар (комшија негов), му кажувам каде ми е оставена колата на фарбање, ми вика земај ја одма назад, мене ми запусти скапи бандажи, се излупи лакот и се тепавме на крај. Многу коли кои претходно се фарбале таму беа на корекции кај автолакерот кај кого учев занает, штета...
« Последно менување: 28 Мај 2024, 22:37:31 pm nestor04 »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Несторе, сакаш лути се, сакаш не се лути.
Ти со само купување на колава, си навлече/фати некој малер. Од сам старт проблеми. Што механички, што со мајстори.
Шиткај. Верувај, ќе продишеш. Има убави/зачувани коли, само треба да почекаш, ќе искочи и таква.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6763
  • French diamond
Ти мислиш има некој салам денешно време, неможи да има квалитет таму каде што нема контрола, за жал.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5531
  • Шо да пишам тука?🤔
@bear Во право си, нема збор. Колата беше купена на брзање, без отворање хауба, само еден круг (500м) повозена и платено кеш истиот ден. Но, мајстор си е мајстор (како Горан плинарот, добро познат на Прилепчани), без разлика дали се работи за југо или ферари.

Се надевам дека можам да дадам предлози каде да се оди, а каде не во Прилеп, и дел од Скопје, многу искуство добив за краток период со различни механичари, електричари, плинари, клима фолии, растурачи на опели, итн. Барем сето ова да биде за поука за друг, јас горам, друг нека не гори.

И да - централното му немало чаре - докторот прилепски така рече и уште двајца негови колеги (само жици откачив и си работеше, одев по шема), ербегот не морало да работи страничниот - "Мајка, ти многу се лутиш, то колку че те заштити, само за раката е, ако толку сакаш оди на тапацер нека го расклопи седиштето и донеси го така че го напрајме" - средено со лемење на жичките од конекторот и така натаму и така натаму. Ербегот - 2 минути работа, централното - расклопување 3 минути + 30 секунди откачување на жички. Ми беше наплатено 3 пати по 1000 денари, дијагностиката плус и на крај испадна безобразен докторот прилепски и си работеше на колите за egr off (брзи пари) додека не мњ погледна, а јас чекав 30 минути потпрен на хауба пред работилница кај него за да добијам одговор - "Мајка не можам со тебе, ај оди кај Никола шо учеше кај мене занает, ако сака нека реши, ако не кај братучед ми, толку знам јас".

Реферат за нашите мајсторишта (доктори кои ги има по весници како тема на денот - празни реклами). Заминав многу от, доволно е ова.
« Последно менување: 28 Мај 2024, 23:34:57 pm nestor04 »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Ја во нервоза, на еден мајстор му реков:Дај ми фискална и дека гарантираш дека нема ништо да се случи, а јас ќе платам толку. Да видиш како мења боја одма.

Сега сите станаа мајстори, а за по траги-комедично да биди, и тие почнаа да бегаат нагоре. Лесно е, браник 150 евра. Нека дојде леб 200 денари, па нека поскапе сe по пропис.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5404
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #624 на: 15 Октомври 2024, 22:44:24 pm »
На Богдановски лиги му течат
https://www.facebook.com/share/v/J5hnhfnjV78rGKDF/?mibextid=eBqqwY
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5531
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Автолимарски и автолакерски сервиси и работилници
« Одговори #625 на: 15 Октомври 2024, 22:47:47 pm »
Porsche Paganema