дечки здраво, еве да споделам искуство со Крос-Еден, кај Континентал. Повеќе познати ми го препорачаја, одлични биле, имат своја комора. Фарбав цела кола (без кров и багажник), имаше мало штети на крило и врата па сакав цела да ја освежам, договорив цена без ценкање, толку бараш, толку плаќам али очекувам стакло квалитет. Летово за одмор ја оставив колата, 5 дена ќе биди. нормално не беше 5 дена, фати 2-3 недели и ко ја зедов наулачки средена за набрзинка. Предното крило кај жмигавецот се излупило огромно парче, ништо страшно дечко ќе ја донесиш да помини гужвата ќе средиме. Нормално не беше само то, испаднаја 5-6 забелешки, лошо маскирале, па не покрил убаво лакот, или се исушил лакот па направил грутка...
Нејсе, ја однесов пак, ќе биди за 1 ден, нормално не, за 3-4 дена ги средија. Најако е што крилото го исфарбале со друга нијанса, не знам зошто не ја чувал бојата. Пак се вратив, абе не дечко, то е, ова е металик шампањ, прелива, еве види кантето истото. Искрено баталив, после 3-4 одења ексик и пари и све, битно колата се исфарба.
Фаст форвард неколку месеци, жена ми години нема влезено во перална, се истурило манџа и во паника одма во Дајмонд пералната ја однела, ја испрале и надворешно со пластична четка.
Од само едно перење со пластична четка (јас исклучиво перам на перална, со пена, со микрофибери, домаќински) колава е како со шмиргла некој фино да ја поминал, да ти се плачи.
Бев во Карбокс да земам добар кат да си ја поминам јас пролетва, не ми се дават пари пак по сервиси да носам, и баш тој дечкото гледавме лакот, ау вика ептен вика фушарски лак ти ставил, не е до пералната, многу е мек и неквалитетен лакот. И плус хаубата сите зутки со си биле пак си се веќе излезени си се познават.
Ми е мака слики да вадам, од комп пишам а сликите се по телефони, ако некој го интересира, ќе ставам и слика.
Битно ми е, ете да споделам искуство. Искрено врска немам од авто лакери, Крос ми го препорачаја, ама кај мене утка испадна.
со среќа на другите