А зошто едноставно не се однеси колата на рекламација ? Тоа незаштитеното за колку брзо време ќе фати корозија ?
Ако не ја признаат грешката следува рекламирање на Фб, па понатака ќе се вклучат и сајтови (ќе набијат добра прегледност)..
Беше возилото за рекламација. Не погледна бледо у стил кој ве врти си запали една ќумур Q7ца и си отиде. Претохдно се криеше.
Колку многу беше удрена маздава? Слики пред? Не е фер да се случи ова, но доколку некој му рекол на мајсторот приправи ја за да ја продадам резултатот ќе биде таков. Ние ја чувме само едната страна, а знаеме дека у затвор има најмногу невини.
Sent from my VTR-L29 using Tapatalk
Колата беше многу удрена. И назад а и напред ( удесот е десен дур возилово чека црвено кај Бриколаж ) . Од позади два пијнани шерифа се забиваат во неа, дур стои, а по ударот маздава се придвижува напред и удара во возило пред неа. Ќе се обидам да најдам слики. Не мислам дека е тоа меродавно, со оглед дека оштетениот не одлучува да замачка и да продаде туку да ја поправи и користи.Тоа го прави и во моментот на друг мајстор, бидејки сака дa вози човечки.
поправено возило.
Поентата не била да се заштедии направи профит туку во рамките на износот добиен како тоталка колата да се среди во нормална возна состојба. Со оглед на фактот дека деловите се скапи, се сложува со проценката да се користат стари но здрави делови.
Мене ми мириса на лапнати пари од осигурување, прикрпи ја со стари делови или гипс колку се може поефтино и продавање. Арно ама богдановски си ги лапнал парите, колата дошле двајца да ја гледаат и виделе дека е гроб и сега ајде богдановски ќе го пљукаме. Второ, колата има таблици од 2017 година па од кај толку сигурни дека од претходно била стакло.
Погрешен мирис, кажав. Новите делови спрема проценката беа дупло поскапи од исплатената сума. Повториувам проценета тоталка. За да се влезе во рамките на исплатените средства одлуката си падна за стари но добри делови. Додуше некои делови мораше нови. Еве сеа уште се купуваат деловите кои требало да се сменат а не се сменети.
Одлуката за продавање не беше логична со оглед дека возилото шасиски не е мрднато, но секако искалирано во цена поради година на производство, и секако во секој случај ќе имаше и калирање во цена бидејки беше удрено, дури и нови делови да се употребуваа.
Она што ме изреволтира на односот од Богдановски, па јас ги почнав објавите иако не сум засегнат осем што ми е криво и за колегата кој е мирен по карактер.
Добра ситуација е што возилото сега е во сигурни раце, кај еден мајстор кој натенане работи и во секој степен на работата бара да се помине за да покаже и објасни што и зошто прави. Деловите ги набавува колегата полека полека и мислам дека повторно ќе му биде драго и сигурно возило понатаму.
Ако некој сака, нека го покани Богдановски да го каже својот став. Ако го има.