@bear Во право си, нема збор. Колата беше купена на брзање, без отворање хауба, само еден круг (500м) повозена и платено кеш истиот ден. Но, мајстор си е мајстор (како Горан плинарот, добро познат на Прилепчани), без разлика дали се работи за југо или ферари.
Се надевам дека можам да дадам предлози каде да се оди, а каде не во Прилеп, и дел од Скопје, многу искуство добив за краток период со различни механичари, електричари, плинари, клима фолии, растурачи на опели, итн. Барем сето ова да биде за поука за друг, јас горам, друг нека не гори.
И да - централното му немало чаре - докторот прилепски така рече и уште двајца негови колеги (само жици откачив и си работеше, одев по шема), ербегот не морало да работи страничниот - "Мајка, ти многу се лутиш, то колку че те заштити, само за раката е, ако толку сакаш оди на тапацер нека го расклопи седиштето и донеси го така че го напрајме" - средено со лемење на жичките од конекторот и така натаму и така натаму. Ербегот - 2 минути работа, централното - расклопување 3 минути + 30 секунди откачување на жички. Ми беше наплатено 3 пати по 1000 денари, дијагностиката плус и на крај испадна безобразен докторот прилепски и си работеше на колите за egr off (брзи пари) додека не мњ погледна, а јас чекав 30 минути потпрен на хауба пред работилница кај него за да добијам одговор - "Мајка не можам со тебе, ај оди кај Никола шо учеше кај мене занает, ако сака нека реши, ако не кај братучед ми, толку знам јас".
Реферат за нашите мајсторишта (доктори кои ги има по весници како тема на денот - празни реклами). Заминав многу от, доволно е ова.