Јас имам есперо (тоест дедо ми), и морам да ти кажам дека сме многу задоволни... 1995та година е, а коска е, не крцка не пукца (ама се е релативно, пошо сме први газди а има само 120.000). Е сеа на изглед, зборам за внатре се познаваат годините... Моторот е лудница (2000ката ја имаме ние) влече убаво, а на плин е... е сеа има еден проблем, троши 25л на плин (ама проблемот е до дедо ми а не до колата) пошо кога трошеше одприлика 15л, дедо ми отиде на сервис и им кажа прајте шо знаете колава ми оди ко фичо, и овие нешто штелуваа пустеа, и сеа подобро оди на плин него ли на бензин, ама затоа и си троши... Иначе вожњата е многу добра, дупка не знам што е кога возам со таа кола, а исто и кривина, ако да речеме со 306ката влагам со 50 у кривина, со есперово комотно со 80 нема да се осети... спие на пат... за делови и сервис не е проблем, дури поефтино и од пежо. Се на се собрано - топло ти препорачувам даеву есперо, ама треба да знаеш дека сепак тоа е кола стара најмалце 13 години (мислам дека 2000та последно шо се произведуваше беше) и дека треба да имаш доволно длабок џеб за гориво.

со среќа во потрагата
