Автор Тема: Renault Scenic II 1.6 16v  (Прочитано 2727 пати)

Отсутен banjifiko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Renault Scenic II 1.6 16v
« на: 20 Март 2013, 21:28:00 pm »
Ми налета понуда за неувезен Renault Scenic II 1.6 16v, 2004 година, среден топ, со некои 130к пројдени километри. Го пробав, добро оди, ми прави ќеиф, но ме плаши потрошувачката. Знам дека моноволуменците имаат поголем отпор на воздух, плус малку се и потешки, но овој конкретно на бордот покажува градска над 13 литра. Претпоставувам дека со плин ќе дојде и до 15. Има ли некој искуство со овој модел на автомобил?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Renault Scenic II 1.6 16v
« Одговори #1 на: 20 Март 2013, 22:58:37 pm »
13-14 литра плин за ова возило не се многу,претпоставувам ти треба за на отворен пат,а таму потрошувачката би била околу 11 литра плин што не е воопшто многу

Отсутен banjifiko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Renault Scenic II 1.6 16v
« Одговори #2 на: 20 Март 2013, 23:04:11 pm »
Па не баш... Барам комотно семејно возило. Многу не патувам, во просек поминувам околу 12000 километри годишно, воглавно во град. Знам дека е малку нелогичен избор на ова возило, но јас сум малку покрупничок, и така... Плус, автомобилот ми го нудат за примамливи 3000 евра.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Renault Scenic II 1.6 16v
« Одговори #3 на: 20 Март 2013, 23:28:04 pm »
секој со своите потреби секако,потрошувачката таа е,ако ти е превисока ќе мора да одиш на кола :)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: Renault Scenic II 1.6 16v
« Одговори #4 на: 20 Март 2013, 23:48:34 pm »
друже комшија мој има сеник,е мислам дека е еден модел постар од ова ама со истиот мотор,во град појше од 11 му нема качено

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1857
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Scenic II 1.6 16v
« Одговори #5 на: 21 Март 2013, 00:01:25 am »
Го возев истиов мотор во Меган,потрошувачката низ скопје се движеше од 9 до 11 литри низ град во зависност од временските услови и начинот на возење.

На отворен пат се движеше околу 7 литри со нормална вожња.

Моторот кај мене добро се покажа,јас немав никаков проблем.Мојот имаше поминато 80000км и затоа може не е репер за издржливост на моторот.

Убаво провери си ја колата,цената што ја кажуваш за неувезено возило со таа километража и таа година е ралативно ниска што немора да значи дека не е во добра состојба ама сепак мој совет да ја провериш најдобро што можеш.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Renault Scenic II 1.6 16v
« Одговори #6 на: 21 Март 2013, 20:32:54 pm »

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1857
  • Renault Megane R26
Одг: Re: Renault Scenic II 1.6 16v
« Одговори #7 на: 21 Март 2013, 20:41:07 pm »
Ete go meganot,ama vo segasnata sostojba ne vredi ni tolku pari.

Отсутен banjifiko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Renault Scenic II 1.6 16v
« Одговори #8 на: 22 Март 2013, 07:46:49 am »
Што значи тоа "во сегашната состојба" ? Ми беше влезен во потесниот круг за купување, т.е. селекција за купување.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Одг: Renault Scenic II 1.6 16v
« Одговори #9 на: 22 Март 2013, 08:13:31 am »
Меганот успеаа да го раскантааат за нецела година.

Те гледам сакаш бензинец, па да ти понудам Меган караван со највисоко ниво на опрема и сервисиран во овластен сервис купен од македонија и има поминато 220 000км реални за 3500 евра од декември 2004. :)

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1857
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Scenic II 1.6 16v
« Одговори #10 на: 22 Март 2013, 15:37:23 pm »
Како што кажа Прчот,до пред една година колата беше во моја сопственост и беше во одлична состојба.Од тогаш навака колата смени колку што знам двајца газди и многу ја уништија.
Не сум ја возел и неможам да знам каква е механичката состојба на возилот ама можев да видам дека ентериерот и екстериериот се многу уништени.

Како и да е не е лошо да го видиш и провериш возилото можеби може да се спаси и оправи.Цената е добра и очигледно дека се брза продажбата па сигурно цената може да оди уште надоле.

Можам да потврдам дека километражата е точна бидејки јас ја продадов со 80000км.До последен ден додека беше во одлична состојба и беше сменето се што требаше да се смени.
Колата не е увезувана купена е од Аутомотив и до 50000км сервисирана таму.