Јас имав Есперо до пред некој месец. 1995 година со 1.5 16v мотор. Му се изнавозев. Плин трошеше околу 12 во град, 7-8 на отворено.
Кај мене беше околу осум години и за тој период (го дадов со 140 000км) не сум имал ниеден посериозен проблем: по некое црево, заден лонец, гумици на серво од квачило... Му сменив ламела сет (4500+работна рака) и го дадов за 1200 евра. Јас бев генерално задоволен, само што го изедоа годините, стана полнолетен и мораше да си оди
