@Roci добар поглед имаш. А тревата можеш со правосмукалка да ја средуваш. 
@bramovsk која е најдобра заштита, или решение за заштита на дрво, кое ќе биде изложено на надворешни влијанија?
Да бидам поконкретен: Лани се купија даски од стовариште, за изработка на дрвена ограда. После шмирглање се аплицираше 2 раце фирнајз или садолин. Мислам белинка беше марката. Од Јули до Декември едвај издржаа. Потемнеа, и испукаа (линии).
Сега планот е пак да се шмиргла, ама и да се заштити убаво.
Комшија препорачува да направам микс од уље и нафта, и да ги поминам неколку пати. (А јас реално, не би го направил тоа
)
Тешко прашање која е најдобра.
Најдобра заштита за дрво е дрвото да е добро исушено и одстоено пред да се делка. Потоа следното е да биде третирано под притисок со биоциди и адитиви за да се продре длабоко во структурата на дрвото. И секако една од работите на кои исто треба да се внимава е од кој дел на стеблото е произведена даската. Ако е од центарот на дрвото или места каде има многу гранки и чворови таму секогаш ќе биде послабо.
Прост пристап е:
1. Биоцид како на пример Belles или Belocid од Belinka пред било каков друг премаз за импрегнирање за да се заштити од габи и инсекти.
2. Заштита што продира во дрвото лесно на база на масло (Тиково масло или Декинг масло) или пак фирнајз со лененово масло за да се зголеми отпорноста на брзо мокрење но и брзо сушење. Тука има варијации ама ако се решиш за други премази потоа внимавај оти фирнајз може не е најдобра варијанта акоја нанесеш пред другите премази, кои пота нема да бидат ефективни. Така да комбинацијата мора однапред да ја смислиш а не само да ставаш што ќе ти дојде под рака.
3. Премаз со УВ заштита кој е еластичен (немој лакирање па дру и лак за чамци би скокнал за надворешни примени). За да се сочува бојата и деградацијата од штетноста на УВ зраците. Beltop кај мене се има добро покажано. Но гледам некои варијанти со восочна заштита и од она што го има на пазаров а сакам да го пробам е на Ирком
https://irkom.rs/en/product/irkolin-gold-wax-stain/Има голема избор на комперцијални производи ама да бидам искрен ценате одат многу високо кога ќе треба да се решаваат големи површини.
Инаку од домашно сработени методи имам пробано:
Горење на дрво по принцип на „Shou Shugi Ban" - макотрпен е процесот ама добиваш интересен ефект и до сега само мал број на дрвени предмети од палети го имам пробано.
Ова го комбинирав со самопрајска мешавина од лененово масло, пчелин восок и терпентин. Кај нас најскап е терпентинов пошто се продава како капки за очи, но во соседство акко Србијаи Бугарија имаше понуда со пристојни цени.
Во последно време читам за премаз изработен гасена вар, млеко, сол и потасиум алум каде велат дека заштитата на дрвот со едно поминување може да тера и над 50 години.
Скекао најбтно е да разберш дека дрвото е сноп од влакна и дека од типот на дрвото(густината) многу зависи како ќе се однесува. Тоа важи за тоа како да го сечеш, како да го мазниш, како и каде ќе има смисла да се употреби и секако која заштита најдобро би легнала за типот на дрвото.
Во мк сѐ е чам/иглолисна граѓа. Да можам да бирам и да најдам сега за ограда би користел Багремово дрво ама во мк немам сретнато понуда.