Јас иам проблем со дива трева, коров и многу, ама мнооооогу мравки у двор :/
Пробај ова, пробај она, сеа за сеа, ништо нема трзнато

Не сум се осудил да побарам понуда од фирма, да ми го преработат и освежат дворот, пошто не очекувам да е испод 20ина илјади, а таква авантура не можам да си дозволам у моментов. Особено пошто жив ќе се изедам ако после извесно време тревникот се зезне или нешто пак не оди како што треба, или е посакувано.
Барем туите убаво пркнаа (пу пу да не ги урочам).
Од друга страна, у малечок расадник имаме келераби, зелка, краставички и моркови, и потенцијален „експеримент“ со ѓумбир и тиквички, па ќе видиме што ќе биде.