За дива трева/коров само вертикулер/аератор, јас го земав најефтиниот на Еинхел(сличен имаат Парксајд) ама не би го препорачал зошто се оштети механизмот за подесување уште првата недела заради слаба пластика.
Прво се коси тревникот најниско, па со вертикулерот се мине со додатокот за аерација, после тоа со додатокот што делува како гребло(scarification) и на крај се ѓубри и се досејува трева.
Првите 3/4 недели ќе изгледа лошо ама после тоа ќе се оправи, и како превенција за појава на коровот само редовно косење и повторување на постапкава 2 пати годишно.
Ако живеете некаде кај што е возможно да се изнајми професионален аератор go for it, зошто овие за домашна употреба работат на малце подруг принцип па повеќе ја оштетуваат травата при аерацијата.
Имам аератор, исто од Ајнхел. Правев прво на еден дел од дворот, па на друг, пошо иначе немам каде да го фрлам тоа тон ипол ѓубре и глупости што ги извади.
Баш така и направив, искосив, па со аераторот, па после фрлив семе, па тогаш ѓубриво... Изгледа тука ги утнав чекорите.
Можеби може да се изнајми соодветен уред, ама ако е некаков тип на возило (рецимо како косилка количка), немам како да го внесам тоа у двор, без да треба да демонтирам делови од ограда.
Не знам дали да пробам пак сега со аераторот, после фрлено семе за трева и ѓубриво... Чудно ми е што семето многу чудно се понаша, на различни делови од дворот.
На пример, на неколку ќелави делови, од каде што вадевме купишта и чворови од дива трева и грмушки, пушти чат пат по некое стебленце ама многу слабо, а на еден друг дел, си пушти „косичка“, да не можеш да приметиш дека уопште имало проблем.
Најлошо е кај што ни беше базенчето... Тој 3х2 м дел го прекопав скроз, му ја „превртев“ земјата, па порамнив, потсредив, фрлив семе и ѓубриво, ама абер нема, нејќе да чуе...