Есента целиот тревник некои си 150м2 се напрска со препарат за сушење на тревата,односно намерно ја уништив за да ја посеам одново.Откако се исуши тревникот рачно го прекопав,нов распоред на прскачите им дадов,останува целата површина да ја исфрезирам.Фрезата ИМТ 506 3 дена ја правев да ја управам да можам да фрезирам,едвај ја управив,барем се надевам дека е управена.
Дадете совет/искуство од тревно семе со кое да ја посеам,некој дел од тревникот го фаќа сонце,дел многу малку најверојатно ќе се сее со мешано семе и за сонце и за сенка .