Јас па имам позитивно искуство со ПОЦ. Минатата недела си паркирав на прописно место за каде и важи налепницата која ја имам и додека бев на работа ми се јавија од ПОЦ, поточно дечките кои ставаат канџи на колите, да ми се извинат поради направен пропуст поради кој ми ставиле канџа на тркалото. Не ја виделе налепницата навремено и го барале мојот број со цел да ме известат да одам кај колата и да потпишам рекламација. Прво се јавиле на лизинг компанијата, од таму добиле број од мајка ми на чие име е колата, а она им дала мој број за да ме контактираат. Дечките ме чекаа пред колата и завршивме работа за 3 мин. Се утепаа од извинување.