Слично нешто има и за во Општина Центар.
Инаку се согласувам со некој погоре што спомна дека со зонското се решија доста од проблемите за станарите. Но секако излегоа други проблеми.
Според мене треба јавниот транспорт да се подобри. Треба катните гаражи и паркинзите со рампи кои не се за станари да бидат поефтини од зонско и да ги има во доволен број, за луѓето да не мора да се паркираат на зонско, и секако да не биде се централизирано прво во Скопје, а второ во центарот на Скопје.
Потоа треба да се прилагодат деловите од зонското паркирање каде главните гужви и проблеми се до 16-17 часот, после тоа да бидат бесплатни или да речеме да се плаќа до кај 19-20 часот максимум. Ама кај нас најлесно им е исто работно време за цело зонско, па на некој му е тоа ок, на некој не.
Друг проблем е, а го разговарав и со дечки од ПОЦ, ограниченоста според лична карта на сопственикот на возилото. Јас не можам да бидам со лична карта на 5 адреси, ама можам да имам станови на 5 адреси. Според нивните прописи ми следува само една налепница за во зоната каде што ми е личната карта. А мене никој не ме ограничува да си живеам по месец дена во секој стан или до 4 во еден, после 4 во друг итн...
И вака уште еден куп ситници кои се недоречени, неодредени или лошо решени.
Инаку и претходно пишував, во повеќето цивилизирани држави постои зонско паркирање и наплаќање за паркирање на улица. Нашиве сигурно не го измислиле. Во Љубљана на пример на секој паркинг пред зграда имаше рампа и јас како гостин се паркирав 10 минути пешки од зградата, и тоа ако најдам место на тоа сеуште незаградено паркингче. За станарите е тоа супер решение, за гостите не.