Сериозно постои бесплатен паркинг во строг центар? 
Да сумираме, следниве места околу Центар се бесплатни:
- Партизанска па и тротоарот откако ќе свртиш десно од крај на Партизанска (?)
- Тие калиштата после бараката Вили
- Уличката меѓу такси компанијата и бараката Вили
- Ова со Тинексот не знам каде е, не ни знаев дека има Тинекс во околина
Скоро бесплатни/ефтини:
- Олимписки Базен, тоа е улицата што е пред автобуската, кај што има мала рампа, така?
- Карши Холидеј Ин на отворениот паркинг, излегува 220 денари за 12 саати. Би го избегнувал паркингов за толку долги периоди, многу несмасно се паркираат и има возила далеку над капацицтетот на самиот паркинг.
Јап, секаде (под претпоставка дека возиш Ауди, Мерцедес, БМВ или Порше Кајен, или си припадник на државните структури, они имаат право дома у дневна да ти се паркираат).
- Партизанска, ако најдеш место. Тротоарот десно е на „Т“ раскрсницата кај Кастм паб, у смер накај Рекорд. Од десната страна има тротоар каде паркираат.
- Калиштата - ако не ти е мил животот/колата. Мада сум видел и од таму да собираат, веројатно по пријава од околните куќи.
- Во таа уличка исто може да ви викнат пајак од ПОЦ.
- Тинексот е карши влезот на паркингот Холидеј Ин, од десна страна, ако се гледа од Соравија накај Југодрво. Уличето е одма после Тинексот, и е сервисно т.е. за влагање во гаражите, ама како што реков, таму преку ден не може да се најде место, или треба ептен да се начека.
- Да тоа е Олимписки.
- Карши Холидеј Ин ми се има десено у неколку наврати да ме пуштат да влезам на паркинг, а да нема место, што е дрско, безобразно и заслужуе корнење рампа.