Автор Тема: Фарбање  (Прочитано 202867 пати)

Отсутен MoDmkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Фарбање
« Одговори #945 на: 18 Март 2024, 14:59:33 pm »
Здраво,

Ќе може препорака за фарбање на кола целосно.
Чувана е надвор 14 години и е цела со мали гребнатинки, со клуч помината и под дрва паркирана.
Летово ќе имам гаража па се мислам да ја освежам малце.

Ако имате некој мајстор или фирма што фарба да препорачате и ако знаете цените како се отприлика.

Фала однапред и поздрав!

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фарбање
« Одговори #946 на: 18 Март 2024, 15:06:41 pm »
Целосно е 1000-1500€.
Препорака Самоил - Прилеп (Лагово), има и на форумов слики од коли што ги фарбал пред 10 години. Само за термин се чека месец до два.
https://www.facebook.com/servis.senna?mibextid=ZbWKwL

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фарбање
« Одговори #947 на: 26 Април 2024, 19:04:56 pm »
Тука малку беше корозирана од непазење и удар во бетонско стубче при отворање.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
А ова е испуканото.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Други видливи места со око нема, односно се санирани со 500че 💶.
Мене ми смета, на автолакерите и тие што полираат не.
Е сега убедете ме дали е за боичка и лакче до четче, или комплет фарбање па полирање.

Ова го забаталив скроз, малку крилото има фатено корозија (мајсторот не го направил, а му платив) и вратата (види слика), па како би било најдобро да се фарба за да не дели? Врата да менувам знам дека ќе дели, а и кој ќе менува стакла, електроники, итн...
Добив добра цена, ама ми е страв да не дели цела кола, па да ми замине меракот упм и да ја забаталам и продадам на крај.
Полирање дури по 7 месеци кај Дарко...

Цитат
ќе се фарба долниот дел (обележан со црвено) на вратата, од секаде е здрава, само тука е проблем и ќе се лакира до обележаниот дел со сино за да не двои.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ќе се исфарбаат и двата браници на трошок на мајсторот (негова грешка во припрема)

Дали ова е добар начин? Така одлучивме со автолакерот, досега фарбаното од него не дели. Тој ми рече ако менувам врата ќе треба пола кола да ја фарба и 500€ не ми бегаат.

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 225
Одг: Фарбање
« Одговори #948 на: 27 Април 2024, 20:48:05 pm »
brat zemi si salam tojota i prepusti se na zivotot uzivaj prodaj astrata

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фарбање
« Одговори #949 на: 28 Април 2024, 00:44:37 am »
Нешто до 4к евра без уште толку влог (по мој ќеф) не најдов...
Или гуми фалат и уште еден сет бандажи (најмалку 500€ влог тука) или ако е дизелче си сака дпф и егр офф, чистење на грани. Поасолно мислиш дека би било астра х бензинец? Не. Голф 5ка дизел извозен повеќе од астрава? Не. Ауди А4ка или А6ка?(ако одиме на нешто поголемо повеќе трошоци) Не. Бмв не сакам. Волво  и тојота до таа цена нема, а и ентериерот не е по мој вкус. Единствена замена после астрава би бил Лексус. Нормално и во него има влог. А муабети од типот продади ова, земи поасолно, не фала. Еве најди ми нешто поасолно од астрава (бензин, плин) од 90кс па нагоре по цена дупла од астрава и ќе ја земам под услов да нема корозија, да има ербези наместо отпорници, маслождер да не е, да не цркаат дизни, да нема проблеми со електроника, добар ентериер, итн. Единствен влог да ми е сет ребраст, гуми, масло (ако треба и flush и промена во мотор, менувач, серво), антифриз, глицерин, регистрација и гориво, иако не е мала листата и ретко кој менува во секој дел течности, ама ете, прифаќам да биде тоа сменето од моја страна. Астрата ако се продаде за 2к (имам понуда), ќе додадам уште 2, само најдете нешто што ќе биде на ниво на кое ми е сега астрата.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Одг: Фарбање
« Одговори #950 на: 28 Април 2024, 07:38:43 am »
Ако ти даде некој кеш пари за кола без клима одма да ја дадеш.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Фарбање
« Одговори #951 на: 28 Април 2024, 08:53:39 am »
Ако ти даде некој кеш пари за кола без клима одма да ја дадеш.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Bogami

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фарбање
« Одговори #952 на: 28 Април 2024, 09:28:08 am »
Нема достојна замена моментално до сумата до која барам.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Фарбање
« Одговори #953 на: 28 Април 2024, 09:38:07 am »
Нестор купи алфа некоја там да ги даваш парите,не у банка да ги штедеш!😂

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Одг: Фарбање
« Одговори #954 на: 28 Април 2024, 09:39:20 am »
Се е достојна замена за кола стара 20+ год која што нема колекционерска вредност или е специјална серија на моделот. Без клима со основна опрема, никакви системи за безбедност, застарен дизајн, отепан атмо мотор, сомнително минато, маани за средување итн итн.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1664
Одг: Фарбање
« Одговори #955 на: 28 Април 2024, 10:06:23 am »
Има интересни опции од Segway.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5468
Одг: Фарбање
« Одговори #956 на: 28 Април 2024, 11:10:02 am »
Ако сакаш се наоѓа, со логика ама, ќе си слезиш еден сегмент подолу, астрата е Ц сегмент, ќе си бараш нешто во Б поголема шанса за поново и позачувано, ти одиш контра, со пола шака ќеш во Е сегмент со лексусот.
Плус убаво потенцираа, ако имаш купец скини му ги рацете ни клима ни опрема има, самиот си свесен дека дупка за пари е, се ошули од фрлање во нешто шо не вреди, толку пари во воздух за мотори  и се остало, првата од плац да ја земиш нема да имаш ни третина од ова.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фарбање
« Одговори #957 на: 28 Април 2024, 11:13:16 am »
@MAPJAH замена е голф 5ка? Не ме смеј.
До 4к на мк табли се зема 2004та година хечбек и тоа е 20 години стара кола. За да ја доведам таа кола до ниво на астрата сака влог, да бидиме реални. Моторот не знам во каква состојба е, гуми, ребраст сет или ланче, водни пумпи, држачи на мотор, амортизери, некаде ако е гребната да фарбам, кочници (тука има 200€), клима фолии (10к ме фатија), ако има сончев кров да го проверувам дали затвора/капи, тука има најмалце 1000€, и не знам дали ќе излези уште некој поголем дефект.

@vladic3110 сакам да останам на Ц сегмент или да одам нагоре. Колата има сончев кров и електрика на стакла и ретровизори, друго реално освен клима не ми треба, греачи на седишта не ми затребале. Затоа вложувам во астрата. Б сегмент ќе биди затка со плин, астрава е затка со багажен простор, не пак корса или нешто слично. Нека вози дури вози, после одиме на СУВ или Д сегмент.
« Последно менување: 28 Април 2024, 11:19:15 am nestor04 »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Фарбање
« Одговори #958 на: 28 Април 2024, 11:26:35 am »
За 4к евра, јас би купил рено клио 3-та ген, со 1.2 75кс. Има по огласи неколку. Околу 3до3,5 се продаваа. Таман за 500евра голем/мал сервис, и гуми.

edit : https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5011456
Како пример е посочена. Ете имаш и 2 вакви од прилеп ебаго, што се продаваат.


А како втора опција, што заради пристрасност моја, ја би фиат гранде пунто.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Фарбање
« Одговори #959 на: 28 Април 2024, 11:30:54 am »
Не, фала. Ни еднаш нема да се свртам по оваа кола откако ќе ја исперам. И не е над 90кс. Веќе направив 2 години искуство, па се повеќе ме привлекуваат 130+ коњи.

Пунтото е круто, се возиме на работа со такво, многу страда електрониката на тоа пунто. А и астрата на задна клупа има повеќе место (најчесто седам назад во пунтото). И фиеста исто така отпаѓа од 2007-2008.
Би останал на Ц сегмент ако немам финансии за класа погоре - Голф 5ка, Мерцедес Ц класа, Бмв 3.

Имам специфичен вкус...