Имам впечаток дека не им се фаќа понова кола.
Ако добро ја направи бојата тој што ќе ја прави, и лакерот користи техника со прелази*, нема да се познава дека е фарбано.
Остај ти водени бази к*рчеви карики, луѓе по светов во барака фарбаат Ламборгинија, Ферариња и разни луксузни коли па не им се познава ништо.
*прелази = се брусат и панелите кои се „први комшии“ со оштетените панели. Се фарбаат оштетените панели а неоштетените се прскаат со новата боја само на ќошот кај што се спојуваат со оштетените/новофарбаните. После се лакира се заедно.
Maaco, ланец на нискобуџетни автолакерници во САД, со овој метод успеаа да исфарбаат браник на Lamborghini Murcielago со Arancio Atlas, трослојна портокалова перла боја. Не глеам зашто да не може да се изведе тоа на Опел, само треба да му фаќа црпката на мајсторот и да има работено со вакви постапки.