Автор Тема: Фарбање  (Прочитано 205792 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7064
  • хаУс мајстор
Одг: Фарбање
« Одговори #645 на: 08 Август 2020, 23:03:04 pm »
Ако ти е од корист, барај го Блајо има гаража под Реплек до "Кај чичо" кај што се врти пилето :)
Кога и да поминам само добри аута гледам му носат за  средување. И добар е.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Фарбање
« Одговори #646 на: 10 Август 2020, 19:59:18 pm »
Дали ќе фати фарба на изгорен капак од електрично шпоре? Заборавена е една рингла и капакот затворен. На едно место има црн круг колку ринглата.

 Кој би била постапката на фарбање? Бела боја во спреј ќе ми збрка работа?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Фарбање
« Одговори #647 на: 10 Август 2020, 20:15:39 pm »
Електростатско фарбање ако сакаш да е како ново.

Ако нејќеш замарање, 320ка или 400ка водена на целиот капак за да го изгуби сјајот, убаво обезмастување со алкохол или "антисиликон" или wax & grease remover, и фарбање до тенки слоеви додека не се покрие се.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Фарбање
« Одговори #648 на: 10 Август 2020, 20:16:09 pm »
Ќе мораш прво да го отстраниш изгореното зошто ќе се излупи.

Извади го капакот, ишмирглај со 80/200/400 зависи колку е отидено, и после тоа можеш да го испрскаш со бел спреј. (Може и основен под тоа, ама не е критично)

П.С. ете и Мартин ти кажал исто.

Отсутен corsa-c

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 119
Одг: Фарбање
« Одговори #649 на: 11 Август 2020, 12:25:23 pm »
Дали ќе фати фарба на изгорен капак од електрично шпоре? Заборавена е една рингла и капакот затворен. На едно место има црн круг колку ринглата.

 Кој би била постапката на фарбање? Бела боја во спреј ќе ми збрка работа?
Ако може да најдеш по железариве „Спреј за бела техника“ од Беорол или било кој друг спреј на ваква база.
https://ibb.co/42yfvhd

Отсутен DonIvan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Фарбање
« Одговори #650 на: 15 Октомври 2020, 12:49:42 pm »
Некој да ме упати до некој добар мајстор за фарбање на хауба и преден браник, се работи за голф 5, металик сива... Некој дотичен/на ме подновил со штрафцигер убаво. Не е за полирање сигурно, само фарбање му е мајката...

И ако знаете колку би ме чинел оваа вонредна работа.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Фарбање
« Одговори #651 на: 15 Октомври 2020, 12:54:31 pm »
@DonIvan Цел преден браник е 5000 во Прилеп, можеби 100еу во Скопје. Тоа е затоа што работната рака останува иста на фарбарите, но продажната цена на бојата се зголемува. За хауба најверојатно уште една 100ка плус.

Не знам што точно се случило, али до толку е впечатлива штетата и на браник и на хауба?

Отсутен DonIvan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Фарбање
« Одговори #652 на: 15 Октомври 2020, 13:04:10 pm »
@DonIvan Цел преден браник е 5000 во Прилеп, можеби 100еу во Скопје. Тоа е затоа што работната рака останува иста на фарбарите, но продажната цена на бојата се зголемува. За хауба најверојатно уште една 100ка плус.

Не знам што точно се случило, али до толку е впечатлива штетата и на браник и на хауба?

Ако ми веруваш, на хаубата електромагнетни бранови има нацртано... како почнал/а убаво испаднало. Не сум дома сега за да можам да покажам. Но кога немаш гаража, јбг... ке посетуваме мајстори. Фала на одговорот

Отсутен v44

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Фарбање
« Одговори #653 на: 31 Октомври 2020, 19:31:21 pm »
Имам Опел од 2016 год. Возилото е удрено кај задната врата и крилото, плус задниот браник. Бојата е Phantom Grey или Asteroid Grey. Да напоменам само дека бојата е како перла и има одредена промена на нијансата кога се гледа од различни агли.

Прашав на 4-5 места низ Битола за фарбање - кај Осата, Дињата, Борче на патот за Бистрица, Стефче... Кај сите добив одговор дека овие бои се специфични и дека ќе биди проблем да се погоди нијансата. Во еден од сервисите ми рекоа дека оваа боја била на водена база и во Битола нема никој со соодветна опрема за работа и ми препорачаа воопшто да не ја носам во Битола.

Ми треба мислење од луѓе на форумов, дали сепак можи да се најди некој во Битола или околината што работи квалитетно и што можи да ја среди како што треба.

На сликите подолу, можи да видите како изгледа нијансата.



« Последно менување: 01 Ноември 2020, 13:17:29 pm v44 »

Отсутен KiKoOoOoOoO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 113
Одг: Фарбање
« Одговори #654 на: 01 Ноември 2020, 10:56:05 am »
Имам Опел од 2016 год. Возилото е удрено кај задната врата и крилото, плус задниот браник. Бојата е Phantom Grey или Asteroid Grey. Да напоменам само дека бојата е како перла и има одредена промена на нијансата кога се гледа од различни агли.

Прашав на 4-5 места низ Битола за фарбање - кај Осата, Дињата, Борче на патот за Бистрица, Стефче... Кај сите добив одговор дека овие бои се специфични и дека ќе биди проблем да се погоди нијансата. Во еден од сервисите ми рекоа дека оваа боја била на водена база и во Битола нема никој со соодветна опрема за работа и ми препорачаа воопшто да не ја носам во Битола.

Ми треба мислење од луѓе на форумов, дали сепак можи да се најди некој во Битола или околината што работи квалитетно и што можи да ја среди како што треба.

На сликите подолу, можи да видите како изгледа нијансата.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Не ги отвора сликите


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен v44

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Фарбање
« Одговори #655 на: 01 Ноември 2020, 13:14:10 pm »

Не ги отвора сликите


Sent from my iPhone using Tapatalk

Ги поправив. Сега треба да ги прикажува.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7064
  • хаУс мајстор
Одг: Фарбање
« Одговори #656 на: 01 Ноември 2020, 13:44:49 pm »
Во официјален сервис што викаат?

Отсутен v44

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Фарбање
« Одговори #657 на: 01 Ноември 2020, 22:00:19 pm »
Во официјален сервис што викаат?

За редовни сервиси ја носев во официјалниот сервис во Аутомакедонија во Скопје. Не кажаа ништо посебно, ми дадоа контакт од некој фарбар, ама не се јавив. За фарбање во Скопје да ја носам ми е некако комплицирано, бидејќи не можи во ист ден да се заврши работата.
« Последно менување: 01 Ноември 2020, 22:06:30 pm v44 »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Фарбање
« Одговори #658 на: 01 Ноември 2020, 22:44:45 pm »
Имам впечаток дека не им се фаќа понова кола.

Ако добро ја направи бојата тој што ќе ја прави, и лакерот користи техника со прелази*, нема да се познава дека е фарбано.

Остај ти водени бази к*рчеви карики, луѓе по светов во барака фарбаат Ламборгинија, Ферариња и разни луксузни коли па не им се познава ништо.

*прелази = се брусат и панелите кои се „први комшии“ со оштетените панели. Се фарбаат оштетените панели а неоштетените се прскаат со новата боја само на ќошот кај што се спојуваат со оштетените/новофарбаните. После се лакира се заедно.

Maaco, ланец на нискобуџетни автолакерници во САД, со овој метод успеаа да исфарбаат браник на Lamborghini Murcielago со Arancio Atlas, трослојна портокалова перла боја. Не глеам зашто да не може да се изведе тоа на Опел, само треба да му фаќа црпката на мајсторот и да има работено со вакви постапки. :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Фарбање
« Одговори #659 на: 02 Ноември 2020, 08:55:36 am »
Во официјален сервис што викаат?

За редовни сервиси ја носев во официјалниот сервис во Аутомакедонија во Скопје. Не кажаа ништо посебно, ми дадоа контакт од некој фарбар, ама не се јавив. За фарбање во Скопје да ја носам ми е некако комплицирано, бидејќи не можи во ист ден да се заврши работата.

Како го правите Скопје како преку граница да поминувате. Ако има некој кој што ќе ја заврши работата како сакаш, ја оставаш колата, си идиш Битола со воз/автобус/кола, се враќаш по неколку дена си ја земаш.
Ама кој да дај 50€ само за ваму таму.  ???