Автор Тема: Фарбање  (Прочитано 206013 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Фарбање
« Одговори #465 на: 24 Јануари 2018, 08:19:41 am »
Постои ли некој спреј или било што за заштита од корозија?
Конкретно сакам да исчистам еден "држач" кој е веќе корозиран(изложен на надворешни услови) па потоа да го исфарбам/шприцам со спреј,секако и штрафови ако најдам нови сакам да ги заштитам,ако не постоечките да ги истругам и заштитам.

Sent from my Lenovo K33a48 using Tapatalk
Некој?

Sent from my E5603 using Tapatalk


kolku e koroziran delot?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Фарбање
« Одговори #466 на: 24 Јануари 2018, 09:52:58 am »
Па има појавено насекаде по него,едно 60% зафатен е.

Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Фарбање
« Одговори #467 на: 24 Јануари 2018, 13:48:42 pm »
Ако можеш да го потопиш најарно ќе е. Е сега имаш антикорозин-а, можеш да го набавиш од аддинг, мешутоа тој не остава заштита него само ја чисти 'рѓата али по агресивен е од антирост кој остава некаква заштита. Ако е 100% чисто не треба да го поминиш со вода пошто од водата ако е железо одма кородира, него со нитро или крпа натопена со антирост. Т.е. не е страшно со вода да го поминиш ама антиростот не ни трба да го врвиш со вода, барем така пишува на него.Сепак ако го поминиш со вода веднаш исуши го и помини го со крпа натопена со антирост.
Пробај прво механички колку што можеш да ја извадиш корозијата, оти да речиме површинска 'рѓа да е на антикорозин-а ќе му требаат 2-3 сати киснење и плус четкање или неколку кратно премачкување. Ако не може делот да го потопиш може и со памук/памучна ткаенина да го обложиш и да го мачкаш на 1-2 саати, оти брзо се суши.
Друга опција ти е средство од црц или вурт, на црц ти е 450 ден 250 милилитри, на вурт 2000 ден 500 милилитри. Овие се ко бајаги по ефикасни, ама ништо без четкање. Тоа ти го нуди индустријата. Не знам кај може да се набави Naval jelly од лок тајт инаку и тоа е солидно.
Е сега исто така и лимунтусот вади прилично солидно корозија, али во случај да е потопен предметот али му треба и време. Исто и арис батрум(уствари тоа е и за корозија, пишува на него) имам приметено солидно чисти корозија да го прскаш на некој пола саат. Секако овие мора да се исплават и после да се помине со анти корозин. Со сиве овие имам пробано најефтино ти е со арисот а нај ефикасно е ова на вурт.
П.С. Најбитното го заборавив НОСИ ЗАШТИТНИ ОЧИЛА и ракавици. Ако ти капне на облека и ако остане подолго ќе направи дупка.
« Последно менување: 24 Јануари 2018, 13:56:24 pm Bicikle »

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Фарбање
« Одговори #468 на: 24 Јануари 2018, 14:06:38 pm »
Ај кога спомнавте корозија да прашам и јас за совет.

Како да исчистам и уште побитно после да заштитам од корозија резервоар за бензин од кола?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Фарбање
« Одговори #469 на: 24 Јануари 2018, 14:29:47 pm »
земи песка кварцна измешај ја со поситна и клати го. Ама нема да го аштитиш така.
Што знам и боја саглам колку ќе најдеш. Најдобро ти е со цинкување, ама не знам кој цинкува оовде. Со самата процедура на цинковање се чисти т.е. таков си им е тертипот по цинкарите прво ги чистат во сулфурна када(сулфурна киселина) или во када со сода(жива сода), па после ги плакнат ги проверуваат и ги цинковаат со цинк и електролит. Е сега имаш базично и кисело цинковање, од него зависи и подготовката, али ова базичново ко бајаги по квалитетно е, ама треба тој што ти цинкова да го направи заситен растворот, а ова пак киселово цинковање е по едноставно али ко бајаги по не квалитетно. Сепак припремата е најбитна т.е. да е исчистено 102% што би се рекло. И со кисело цинковање ако е добро сработено ќе имаш заштита добри 10+ години.
Што занм колу е паметно да го калаисаш, али секако треба пак да го исчистиш и тоа добро да го исчистиш.
Исто можеш и да го наполниш антикорозин и да го превртуваш на 20-минути, или 40-50 пакетчиња лимунтус и да го натанкаш со вода па да го оставиш 2-3 дена. А за фарбање бога ми сум имал лоши искуства(т.е. брат ми не јас лично), се сомневам дека че најдеш мајстор и боја соодветни за бензин. Ако не ти е за реставрација на некој олтајмер тури му 2 шишиња антикорозин прокланкај го, остај го да откисне, исплави го со пола кило бензин и не се замарај... Цинкувањето значи ти е најдобро, ама ти си знаеш колку ти се исплаќа..
п.с. во секој случај остај едно парче цинк внатре, втерај го и заборај го. Тие теговите за баланцирање се цинкови, само металното парче отстрани го механички. Така има заштитна улога т.е. прво цинкот ќе скапи па после металот.

 

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Фарбање
« Одговори #470 на: 24 Јануари 2018, 14:42:59 pm »
Фала пуно за брзиот одговор. Иначе за олдтајмер ми е :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Фарбање
« Одговори #471 на: 24 Јануари 2018, 14:44:20 pm »
Епа барај цинкара :)
патем н.п.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Фарбање
« Одговори #472 на: 24 Јануари 2018, 14:48:26 pm »
A lak kako se sreduva?? :) Koga veke odgovaras. Na vratata od vozacka strana pojaveni se 2-3 tocki korozija so dijametar 2mm. Se sreduva nekako ili farbanje na cela vrata? Nesto vosoci, poliranje kako privremeno resenie ili tesko?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Фарбање
« Одговори #473 на: 24 Јануари 2018, 14:58:19 pm »
Е друже не сум ауто лакер хехе. шала на стана ме интересирало сум чепкал нешто али далеку од профи. Гореспоменатото сепак е хемја али од искуство ќе пробам да ти одговорам. Све друго освен фарбање ќе биде мачкање и ќе се познава. И пази кај ја фарбаш,  лене ми го фарбаа голфот да го загледаш од близу како езеро е, ем е како мачка да го гребела, али се стори. нејсе. Ако ти е колку за мачкање очи, полини го делот со 2000_2500шмиргла,  прсни аутоклиар (лак во спреј на боди, може и друг) и после 2_3 дена со 2500_3000 и со крпче памучно и паста. Зимава ќе ја поМиниш :) нема да виде воочливо ама да го загледаш ќе се познава. Патем пази каква паста користиш,  ти треба најфина, оти има некои груби се.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Фарбање
« Одговори #474 на: 24 Јануари 2018, 15:02:05 pm »
Цинкари во МК мислам дека нема повеќе, најблиску Косово ми се чини.
New blood of old school

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Фарбање
« Одговори #475 на: 24 Јануари 2018, 15:15:38 pm »
Приватно некој ако фаќа, би требало да има,  државните .... Друга приказна... А онаја кај емо беше страва од цинкара,  енеј ги бандерине по 30+ год се мака немаат. Таја најголема беше на балканско ниво.. Ама толку и од неа.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Фарбање
« Одговори #476 на: 24 Јануари 2018, 15:34:22 pm »
За од град дупки, спас?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Фарбање
« Одговори #477 на: 24 Јануари 2018, 15:42:54 pm »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Фарбање
« Одговори #478 на: 24 Јануари 2018, 15:44:51 pm »
Мислам симо имаше некој марифет... Или велеШтрумф ама Симо ќе да беше...

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Фарбање
« Одговори #479 на: 24 Јануари 2018, 15:48:38 pm »
Приватно некој ако фаќа, би требало да има,  државните .... Друга приказна... А онаја кај емо беше страва од цинкара,  енеј ги бандерине по 30+ год се мака немаат. Таја најголема беше на балканско ниво.. Ама толку и од неа.

Ееее затворена е таа за 80к евра. А во Бугарија и Косово нови инвестиции-цинкари напраја..ама то е Македонија..
New blood of old school