Прва работа, не е во ред да праќаш некого на факултет, а не знаеш што е по вокација. Прва работа.
Друго, ај сеа ти читни малку "меѓу редови", жолта штампа, теории на заговор, видеа од новинари, луѓе што живеат таму и слично, што во учебниците не го пишува. А фала Богу, имаш и онлајн податоци за состојбата на економијата во САД, односно како веќе повеќе од 50 години националниот дефицит го покриваат со штампање долари без физичко покритие, само за да не им се наруши комодитетот на американските дебилчиња легнати на Вол Стрит.
Затоа и доларот тек ќе видиме колку ќе вреди. Во Кина и Индија веќе го рачунаат како пара од Монопол.
Асален сервис во Скопје? Богдановски?
Нема сервис во државава моментално што ќе наплати повеќе од 100 (со букви: сто) евра за крило. НЕ-МА. 770 долари се далеку од таа сума.
Економски силни биле... Не, имаат повеќе пари од мозок, затоа и така се понашаат. Зимаат ненормални плати за никаков вложен труд, на грбот на цел свет, а поготово на сметка на "одлив на мозоци" од тука, од кај нас.
Кој раст? Каде живееш последните година дена? Која економија е во раст?
Прашај ги дали им е нормално. Ете го тој што го снимал клипот, ChrisFix вика дека се ненормални, ти пробуваш да одбраниш нешто што е неодбранливо, "со даљинско".
55 долари саат? А бе, неврохирург да не е? Со секоја почит кон секоја професија, ама авто-лакер е...
Споредуваш Швајцарија? Знаеш од кои причини Швајцарија е тоа што е, нели? Ако не знаеш, читај.
Тука и ќе застанам во реплицирање со тебе, пошто и онака само на инает ја тераш, контра мене, веќе 2-3 дена.
Уште ова - каде живееш ти, моментално, мислам ако не е тајна?
Жал ми е што навистина имаш сосема погрешна претстава за тоа што е америка. Сигурно не е цвеќе за мирисање но сите богати држави како америка и пар други сфатиле дека најдобрата инвестиција е човечкиот капитал. За да имаш утре паметни луѓе кои што ќе измислат нешто ново, ќе направат вредност од ништо. Тоа значи инвестирање во квалитетно образование, критичко размислување со своја глава, институции што се независни итн. Истото важи и за канада, австралија. Таму да не е саатницата поевтина??
Пошто гледам гледаш со подбив кон америка, најпрост пример ти е норвешка. Мала држава со многу добар стандард. Зошто? Затоа што имаат нафта. Ама таа нафта не е во сопственост на 2 фамилии односно на некој шеик или руски олигарх, а народот сигурно не зима 300 евра плата и мака мачи секој месец. Туку точно и многу добро знаат како да ги менаџираат нивните природни ресурси за да населението живее квалитетно. Квалитетен живот не е само да имаш голема плата, туку утре ако имаш проблем во некоја институција да го средиш без врски, да се судиш без да се плашиш, да викнеш полиција зошто знаеш дека се таму за да ти помогнат кога ти требаат. Е сега, имаме исто така држави со огромни природни ресурси што едноставно не се способни да ги искористат, и само пар фамилии се богатат и општеството станува толку многу поделено што е страшно, навистина страшно.
Живеам во Латвија, некои ја викаат Летонија исти пепел.
Ебати животот на висока нога во Америка.
Америка воопшто не е тоа што се прикажува на филмовите.
Ја имав таа ретка можност пред далечни 13 години да живеам цела година со просечна америчка фамилија. Немав никакви очекувања пошто сум гледал амерички филмови.
И тоа што го сфатив е просечна фамилија со 3 деца (ја уствари 4то им бев
) и нормална работа може многу добро да живее значи батали го само финансискиот аспект, туку и секој друг аспект луѓето си имаат други приоритети во животот. Каде ќе идеме на одмор, што ќе правиме после школо, на која плажа ќе идеме. И луѓето работат, не се мрзливи. Работат многу. Некои викаат дека намерно глумеле да бидат учтиви, насмеани итн. Напротив, според мое искуство луѓето се така израснати во еден сосема друг систем со сосема други вредности. А на јутуб ќе најдеш све и свашта, па после си викаш абе америка сварно нечини батали тоа. Секако, парите се важни но просечен човек таму не ужива да се покаже пред другите или незнам што. Секој си тера со своето.
Имаш и таму сиромаштија, имаш и таму расизам но неможе да се тврди дека секаде е така, дека секаде нечини. Во целина, ако те бива и ако си просечно добар човек, ти таму можеш да успееш на личен план многу полесно наместо со сите препреки како во едно напатено, љубоморно општество како македонското.