Автор Тема: Фарбање  (Прочитано 205678 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7064
  • хаУс мајстор
Одг: Фарбање
« Одговори #720 на: 24 Јануари 2021, 14:52:15 pm »
Најверојатно за Штип е кажаното, бидејќи за таму бараше членот фарбар.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Фарбање
« Одговори #721 на: 27 Јануари 2021, 00:49:48 am »
Да се надоврзам на последниот муабет -

КрисФикс и длабоки гребаници. Фантастично.


Прва минута од видеово и одма имам прашање - 770 долари за фарбање на едно крило??

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Фарбање
« Одговори #722 на: 27 Јануари 2021, 11:48:57 am »
Види колку кошта саатницата - 55 долари на саат. За нас е многу скапо поради компаративно понискиот стандард и значително поевтината работна рака.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Фарбање
« Одговори #723 на: 27 Јануари 2021, 13:17:53 pm »
Американците се навикнати на нереален живот на "висока нога", па затоа таква е и цената.

Тоа што нашиот стандард е "низок", е директна последица на нивниот "пре-пре-превисок" стандард.

770 долари за фарбање на крило, не во Америка, на Марс не смее да биде повеќе од 150 евра.

Толку.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Фарбање
« Одговори #724 на: 27 Јануари 2021, 14:06:31 pm »
Па тој во америка има фирма плаќа плати и придонеси на вработени, плаќа за суровини и материјали по нивни цени не македонски. Затоа е 770 долари. А клипчето на крис според мене е интресно но е доста замарање и работа. Резултатот е ОК но ништо специјално ако си пицајзла. Подобро е да го однесеш целото крило на фарбање и плати некоја стотка повеќе наместо да кинеш живци, пари и време.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7064
  • хаУс мајстор
Одг: Фарбање
« Одговори #725 на: 27 Јануари 2021, 14:24:54 pm »
Баш напротив, супер е клипот за некој што има живци и малку од малку познавање. Кај нас на "мајстор" можеш повеќе живци да искинеш.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Фарбање
« Одговори #726 на: 27 Јануари 2021, 15:17:47 pm »
Па тој во америка има фирма плаќа плати и придонеси на вработени, плаќа за суровини и материјали по нивни цени не македонски. Затоа е 770 долари. А клипчето на крис според мене е интресно но е доста замарање и работа. Резултатот е ОК но ништо специјално ако си пицајзла. Подобро е да го однесеш целото крило на фарбање и плати некоја стотка повеќе наместо да кинеш живци, пари и време.

А зошто им се платите, придонесите на вработените, суровините и материјалите по "нивни" цени?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Фарбање
« Одговори #727 на: 27 Јануари 2021, 16:21:57 pm »
Јас малку поинаку гледам на работите. Кај нас ситуацијата е „како може да биде“. Изводливо е за 150 евра, не дека не. Кај нив ситуацијата е „како треба да биде“. И трудот, и времето, и експертизата да се ценат. Да се исплати работењето. Да не мора да изработи 30 коли во месецот за да преживее и да работи 20 саати на ден, туку да може да живее и со 10 изработени коли, со работени 8 саати на ден..

Карикирам, секако, ама се надевам дека ми ја разбирате поентата.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Фарбање
« Одговори #728 на: 27 Јануари 2021, 16:32:04 pm »
Јас малку поинаку гледам на работите. Кај нас ситуацијата е „како може да биде“. Изводливо е за 150 евра, не дека не. Кај нив ситуацијата е „како треба да биде“. И трудот, и времето, и експертизата да се ценат. Да се исплати работењето. Да не мора да изработи 30 коли во месецот за да преживее и да работи 20 саати на ден, туку да може да живее и со 10 изработени коли, со работени 8 саати на ден..

Карикирам, секако, ама се надевам дека ми ја разбирате поентата.

Не работат и таму како што треба без разлика колку ќе платиш.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Фарбање
« Одговори #729 на: 27 Јануари 2021, 16:36:48 pm »
Секако, секаде има фушерај.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7064
  • хаУс мајстор
Одг: Фарбање
« Одговори #730 на: 27 Јануари 2021, 16:50:17 pm »
Реално и цената од 770$ или што и да се, ми изгледа малку напумпана. Барем гледаме по видеа што се има по отпадите за коли и какви се делови се земаат за смешни суми.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Фарбање
« Одговори #731 на: 27 Јануари 2021, 16:58:29 pm »
Јас малку поинаку гледам на работите. Кај нас ситуацијата е „како може да биде“. Изводливо е за 150 евра, не дека не. Кај нив ситуацијата е „како треба да биде“. И трудот, и времето, и експертизата да се ценат. Да се исплати работењето. Да не мора да изработи 30 коли во месецот за да преживее и да работи 20 саати на ден, туку да може да живее и со 10 изработени коли, со работени 8 саати на ден..

Карикирам, секако, ама се надевам дека ми ја разбирате поентата.

Потполно те разбирам на што целиш, ама тоа не е реално.

И тука има мајсторишта од сите занаети, ама не би се осудил да каже ни 150 евра за крило од кола, а камо ли 700.

Да, да, "стандардот" е виновен. Не, прекумерното штампање на амерички долари и делењето демократија низ цел свет се виновни.

Еден ден, све тоа ќе се сруши како кула од карти.

10 коли пута 700 долари се 7000 долари.

30 коли пута 150 евра се 4500 евра.

Нема есап.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Фарбање
« Одговори #732 на: 27 Јануари 2021, 18:06:10 pm »
Дај отидете на факс, научете малце вовед во економија, микро економија, макро економија, па после политичка економија па не е лошо и малце вовед во сметководство па после може ќе разберете што значи штампање пари, како концепт. Мешате баби и жаби.

Иначе идете во Скопје во асален сервис за фарбање да видите колку кошта фарбање крило од кола.

Па тој во америка има фирма плаќа плати и придонеси на вработени, плаќа за суровини и материјали по нивни цени не македонски. Затоа е 770 долари. А клипчето на крис според мене е интресно но е доста замарање и работа. Резултатот е ОК но ништо специјално ако си пицајзла. Подобро е да го однесеш целото крило на фарбање и плати некоја стотка повеќе наместо да кинеш живци, пари и време.
А зошто им се платите, придонесите на вработените, суровините и материјалите по "нивни" цени?
Зошто пазарот ја диктира цената. 700 долари им е нормална цена таму, кај нас ќе ти речат дали си здрав во паметот. А од економска гледна точка, америка и слични земји како нејзе се економски силни и се додека има раст на економија, автоматски и цените за добра и услуги ќе растат.

Зошто во швајцарија едно пиво во кафич е 20 евра, кафе 10 евра а во германија е поевтино?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Одг: Фарбање
« Одговори #733 на: 27 Јануари 2021, 18:27:16 pm »
Прва работа, не е во ред да праќаш некого на факултет, а не знаеш што е по вокација. Прва работа.

Друго, ај сеа ти читни малку "меѓу редови", жолта штампа, теории на заговор, видеа од новинари, луѓе што живеат таму и слично, што во учебниците не го пишува. А фала Богу, имаш и онлајн податоци за состојбата на економијата во САД, односно како веќе повеќе од 50 години националниот дефицит го покриваат со штампање долари без физичко покритие, само за да не им се наруши комодитетот на американските дебилчиња легнати на Вол Стрит.

Затоа и доларот тек ќе видиме колку ќе вреди. Во Кина и Индија веќе го рачунаат како пара од Монопол.

Асален сервис во Скопје? Богдановски?

Нема сервис во државава моментално што ќе наплати повеќе од 100 (со букви: сто) евра за крило. НЕ-МА. 770 долари се далеку од таа сума.

Економски силни биле... Не, имаат повеќе пари од мозок, затоа и така се понашаат. Зимаат ненормални плати за никаков вложен труд, на грбот на цел свет, а поготово на сметка на "одлив на мозоци" од тука, од кај нас.

Кој раст? Каде живееш последните година дена? Која економија е во раст?

Прашај ги дали им е нормално. Ете го тој што го снимал клипот, ChrisFix вика дека се ненормални, ти пробуваш да одбраниш нешто што е неодбранливо, "со даљинско".

55 долари саат? А бе, неврохирург да не е? Со секоја почит кон секоја професија, ама авто-лакер е...

Споредуваш Швајцарија? Знаеш од кои причини Швајцарија е тоа што е, нели? Ако не знаеш, читај.

Тука и ќе застанам во реплицирање со тебе, пошто и онака само на инает ја тераш, контра мене, веќе 2-3 дена.

Уште ова - каде живееш ти, моментално, мислам ако не е тајна?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Фарбање
« Одговори #734 на: 27 Јануари 2021, 18:45:36 pm »
Јас малку поинаку гледам на работите. Кај нас ситуацијата е „како може да биде“. Изводливо е за 150 евра, не дека не. Кај нив ситуацијата е „како треба да биде“. И трудот, и времето, и експертизата да се ценат. Да се исплати работењето. Да не мора да изработи 30 коли во месецот за да преживее и да работи 20 саати на ден, туку да може да живее и со 10 изработени коли, со работени 8 саати на ден..

Карикирам, секако, ама се надевам дека ми ја разбирате поентата.

Потполно те разбирам на што целиш, ама тоа не е реално.

И тука има мајсторишта од сите занаети, ама не би се осудил да каже ни 150 евра за крило од кола, а камо ли 700.

Да, да, "стандардот" е виновен. Не, прекумерното штампање на амерички долари и делењето демократија низ цел свет се виновни.

Еден ден, све тоа ќе се сруши како кула од карти.

10 коли пута 700 долари се 7000 долари.

30 коли пута 150 евра се 4500 евра.

Нема есап.

Од ѓутуре ги фрлив бројките, ама да - се согласувам со тебе дека е премногу. Има тука маржи и маржи, ехе-хеее...

Поентата ми беше повеќе во насока на тоа дека кај нас работната рака е преевтина и дека сè уште не знаеме да цениме (како што треба) нечие време и искуство.

Edit: И кај нив има поевтино, секако. Има и за стотче што ќе завршат работа и кај нив, и не мора да значи дека ќе бидат лоши. Мислам дека во ситуацијава Крис намерно избрал скапа естимација за да извлече реакции од луѓе.