Минатиот месец регистрирана, цената беше околу 11.500 денари.
Денес стокмен редовен сервис на 192.000 километри, цената кај Жарко, околу 5500 денари.
Сменети филтри за воздух, уље, нафта и полен, сменето уље, наточено Texaco Havoline Ultra S 5W-40. Жарко вели дека е добро маслото, ја она што го видов е дека задоволува FIAT 9.55535 S2, Што за мене беше доволно убедливо.
Купен е такозвани шусплех, односно долна заштита на мотор, оригинална, која придонесе за намалување на галамата од моторот, кога се слуша од надвор.
Купени држачи за ауспух, сите беа капут, освен еден, силиконски. Оваа промена, не придонесе кон никакви подобрувања
Ете така. Се гледаме во темава до година