Се читаме во темава следната година на следен сервис
Минатата недела беше на редовно годишно спасување од преса:
Сменет некој зглоб, некој крстач, една долна вилушка, една чаура на друга долна вилушка, горен лежај на преден амортизер, задни плочки и два задни амортизери. Успут, измерени амортизерите на технички, 85% предните билштен б4, 4-5 години стари, 95% задни нови монро оеспектрум.
Отако стегнавме подвозје, колата е одлична за возење. Гледам, поминале 2 години од последното „стегање“ на подвозје, па и не е лошо, со оглед на тоа дека сега се сменети делови кои тогаш не биле сменети.
Некаде околу 215.000 има на саат (не ги рачунаме потенцијално вратените 40-50-тина илјади), значи за година дена околу 10.000км. Механички сеуште добро се држи, погон и подвозје се одлични. Внатрешноста солидно се држи, надворешноста средно-жалосна.
Скоро 100.000км и 7 години во „наш“ посед (брат ми 4, јас 3).