1. Мој другар сакаше да ја смени неговата Fiesta 1.25 од 2010-та година со некој друг автомобил од истата класа, но со малку посилен мотор и со клима. Мој предлог беше да отидеме во Миркат и да пробаме да добиеме некоја понуда старо за ново за Свифтот Спорт. Најпрво добивме одговор дека неможе така за Свифтот Спорт, туку само за обичниот модел. После тоа коа разбра вработениот дека Фиестата нема клима нејќеше ни да ја земе во предвид и не гледаше со потценување.
2. Отидов да го пробам Свифтот Спорт заедно со Дени. Беше среда, колата стоеше паркирана пред салонот. Влеговме внатре, почнавме да се распрашуваме за моделот и добивме премногу кратки и нејасни одговори: -,,Може да се проба Спортот?" -,,Па може. -Може сега?" -,,Не." -,,Па како да го направиме тоа?" -,,Треба да се јавите на телефон да закажете."(а ние таму во салон) -,,Па тука сме, не може вака да закажеме?" -,,Епа ајде дојдете во петок порано, тогаш ќе има повеќе персонал, денес има болни."
Ок, одиме во петокот таму. Во салонот имаше само една жена што не праша што ни треба после 20 минутно разгледување на колите. Кажавме дека сме дојдени за тест возење и се јави по телефон, ни рече да почекаме. Дојде истиот човек со наочари од пред некој ден и само што влезе низ вратата не праша: -,,Кој ќе купува?"(алоооо кој ќе купува еј!) Дени му вика он.(и покажува накај мене) Седнуваме во кола си тргнувам нормално и муабетот беше дека колата мора да се вози по прописи по правила и да не се изживуваме врз неа. Си возам цел пат нормално и во еден момент застанав на Партизанска прв на семафор на црвено и си реков да ја стиснам на празниот правец поубаво да ги осетам тие 136 коња. Само што се отвори семафорот ги напунив прва и втора брзина до 80, човекот почна да вика: -,,Аааа, ако сакаш вака да возиш застанувај одма, неможе вака да ја возиш колата. Не е ова за вие да тестирате што може а што неможе колата, таму стручњаци ја тестирале и се грижеле за тоа. Што е ова брзо возење, после на камери ќе не снимат нас ќе ни стигнат казните." Значи типов ме напна како никој претходно. Така ни татко ми ни инструкторот не ми се дереле во кола. Потоа продолжив со бавно возење и кога стигнавме пред салонот ме праша: ,,И како ти се свиѓа?"(Како може да ти се виѓа ебате!? Бог да чува!) И на крај добив прашања што работиш/студираш, татко ти каде работи? Искрено, колата си вреди за парите, но да се решам да ја купувам, би отишол од странство да ја земам само да ги избегнам Миркат!