Морам да ги „пофалам“ Аутомотив груп.
Одам со Твингото на редовен сервис (10к км). Доаѓам таму. Мре пречекува униформиран тип со зборовите: Кажи!
Велам, за редовен сервис.
- Закажано имаш?
Велам: немам.
- Ааааа нема шанса ако не си закажан, теорија нема.
Добре де велам, не е проблем. Ајде да закажеме. (беше Петок)
- Вторник во 10.
Добро, вторник во 10.
- Колку километри има поминато?
Велам 10.200.
-Окејк резервиран термин.
Доаѓам во Вторник:
- Кажи!
Велам што да кажам бе, имам закажано за сервис.
- Дај клучевите, колку има мпоминато?
10.300
- Еве ти работен налог за прием во сервис утре ќе биде готово.
Океј, влегувам во такси и се враќам. Таман доаѓам до Александар палас ете го ѕвони телефонот.
Ало?
- Дечко зошто СИ го донеЛ реново на сервис?
Велам: па редовен сервис, и тоа прв.
- АБЕ, твинго се сервисира на 15.000 километри.
Велам: во сервисната книшка пишува на 10.000
- АБЕ 10.000 е за дизел, 15.000 е за бензинец.
Велам: не, не пишува така, пишува на 10.000 км и дизел и бензин.
- Не, грешка си.
Па кој кур (му свикав) два пати доаѓам, три пати запишувате таму, никој не се најде стручен да ми каже или ти ме јебеш сега?
- Не знам, не можам да коментирам.
Добро велам ќе се вратам.
Се враќам и гледам три камиони само што дошле со нови Реноа, влакно нема место каде да фрлиш.
- Еве ти го земи си го, дојди кога ќе наоправи 15.000км.
Велам, слушај, налогов ќе го чувам, немој да си ми рекол после дека имам проблем со гаранцијата, глави ќе летаат.
- НЕМА ГАЈЛЕ, БРКАЈ РАБОТА!
Велам, како да бркам работа кога сте ги паркирале камиониве на излезот од гаражата. Како да излезам?
- ЧЕКАЈ!
Си се сврте и си отиде. Чекав уште 10 минути па го тргнаа камионот откако дојде еден лут сопственик на Кашкаи, кој не решив ништо да го прашувам со оглед на тоа колку беше накурчен на сервисот.
Однос кон клиенти: Н У Л А !!!