Автор Тема: Однос кон купувачите во салоните на автомобилските импортери  (Прочитано 65487 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Односот на персоналот во Сузуки е толку лош, што човек не би купил Сузуки само заради нив.

Јас имав лошо искуство со еден вработен таму (еден со наочари). Меѓутоа , пријавив и на повисоки нивоа, и тој уште толку се засили, што значи дека има некаков грб.

Нејсе.. Не станува збор за лек, па да нема избор :)

Нек се чудат зашто не продаваат со таквиот однос


Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Многу фирми се избрукани од страна на такви луѓе, кои се пикнати зашто имаат некаков грб. Само, не ми е јасно како може некој да си дозволи да го срами оној кој што го пикнал и му дал шанса да работи нешто за што најверојатно не е ни квалификуван и притоа да зема плата. Многу ми е несфатлива таа појава и немањето осет кај некои луѓе за такви работи.

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
истите луѓе кои се арогантни, на места кај што ја немаат таа моќ се најголемите лижо-газови. Ама што е тука е

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
истите луѓе кои се арогантни, на места кај што ја немаат таа моќ се најголемите лижо-газови. Ама што е тука е


Овој не само што беше арогантен, туку и агресивен. Прекрасни особини кај личност :) Мора во CV то да му стои дека добро функционира под стресс и е многу комуникативен :)

За некои нешта се имам замарано да ги купам и покрај лошиот однос. Последниве месец/години, едноставно не се замарам. Одам на опција Б во случај на таквиот однос или веќе ако морам да купам таму, тогаш не по цена да имаат заработка.



Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16755
  • Keep it 100
1. Мој другар сакаше да ја смени неговата Fiesta 1.25 од 2010-та година со некој друг автомобил од истата класа, но со малку посилен мотор и со клима. Мој предлог беше да отидеме во Миркат и да пробаме да добиеме некоја понуда старо за ново за Свифтот Спорт. Најпрво добивме одговор дека неможе така за Свифтот Спорт, туку само за обичниот модел. После тоа коа разбра вработениот дека Фиестата нема клима нејќеше ни да ја земе во предвид и не гледаше со потценување.

2. Отидов да го пробам Свифтот Спорт заедно со Дени. Беше среда, колата стоеше паркирана пред салонот. Влеговме внатре, почнавме да се распрашуваме за моделот и добивме премногу кратки и нејасни одговори: -,,Може да се проба Спортот?" -,,Па може. -Може сега?" -,,Не." -,,Па како да го направиме тоа?" -,,Треба да се јавите на телефон да закажете."(а ние таму во салон) -,,Па тука сме, не може вака да закажеме?" -,,Епа ајде дојдете во петок порано, тогаш ќе има повеќе персонал, денес има болни."
Ок, одиме во петокот таму. Во салонот имаше само една жена што не праша што ни треба после 20 минутно разгледување на колите. Кажавме дека сме дојдени за тест возење и се јави по телефон, ни рече да почекаме. Дојде истиот човек со наочари од пред некој ден и само што влезе низ вратата не праша: -,,Кој ќе купува?"(алоооо кој ќе купува еј!) Дени му вика он.(и покажува накај мене) Седнуваме во кола си тргнувам нормално и муабетот беше дека колата мора да се вози по прописи по правила и да не се изживуваме врз неа. Си возам цел пат нормално и во еден момент застанав на Партизанска прв на семафор на црвено и си реков да ја стиснам на празниот правец поубаво да ги осетам тие 136 коња. Само што се отвори семафорот ги напунив прва и втора брзина до 80, човекот почна да вика: -,,Аааа, ако сакаш вака да возиш застанувај одма, неможе вака да ја возиш колата. Не е ова за вие да тестирате што може а што неможе колата, таму стручњаци ја тестирале и се грижеле за тоа. Што е ова брзо возење, после на камери ќе не снимат нас ќе ни стигнат казните." Значи типов ме напна како никој претходно. Така ни татко ми ни инструкторот не ми се дереле во кола. Потоа продолжив со бавно возење и кога стигнавме пред салонот ме праша: ,,И како ти се свиѓа?"(Како може да ти се виѓа ебате!? Бог да чува!) И на крај добив прашања што работиш/студираш, татко ти каде работи? Искрено, колата си вреди за парите, но да се решам да ја купувам, би отишол од странство да ја земам само да ги избегнам Миркат!

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Ima edno zlatno pravilo vo trgovijata ..... Kupuvacot sekogas e vo pravo!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Јас имав позитивно искуство со Миркат. Отидов да гледам SX4, истиот ден со брат ми (без присуство на вработен) го провозевме низ град Спортот како сакам и умеам :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Јас имав позитивно искуство со Миркат. Отидов да гледам SX4, истиот ден со брат ми (без присуство на вработен) го провозевме низ град Спортот како сакам и умеам :)

Тоа е уште поголема трагедија што доброто искуство што го имав претходно, беше нарушено од само еден вработен.

Инаку јас сум презадоовлен од односот на луѓето во сервис.И знаат како да се однесуваат, и се големи ентузијасти.

Во мојот случај имав проблем со еден, не со цела фирма, ама на таков начин да решив да сепак не треба да купувам таму.

Ако не налетав на него, веројатно и моето искуство ќе беше позитивно (ама па ако некој држи до нивото, тогаш постојано ќе биде тоа ниво, а не базирано на кого ќе налеташ).





 

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
1. Мој другар сакаше да ја смени неговата Fiesta 1.25 од 2010-та година со некој друг автомобил од истата класа, но со малку посилен мотор и со клима. Мој предлог беше да отидеме во Миркат и да пробаме да добиеме некоја понуда старо за ново за Свифтот Спорт. Најпрво добивме одговор дека неможе така за Свифтот Спорт, туку само за обичниот модел. После тоа коа разбра вработениот дека Фиестата нема клима нејќеше ни да ја земе во предвид и не гледаше со потценување.

Јас кажав дека сум заинтересиран за обичниот модел, и мене ми кажаа дека не може за обичниот, туку само за спорт или за тој со појака опрема. Јас му кажав да ми даде понуда, макар и подценувачка за одкуп на мојата, па јас ќе си одлучам дали вреди или не (така во Тојота и Сеат добив понуда, колку би ја одкупиле мојата, а јас да си одберам што би купил).

Интересно е што вас ви кажале дека не може за Спорт, а мене за Обичниот :)

Цитат

,,Кој ќе купува?"(алоооо кој ќе купува еј!) Дени му вика он.(и покажува накај мене) Седнуваме во кола си тргнувам нормално и муабетот беше дека колата мора да се вози по прописи по правила и да не се изживуваме врз неа. Си возам цел пат нормално и во еден момент застанав на Партизанска прв на семафор на црвено и си реков да ја стиснам на празниот правец поубаво да ги осетам тие 136 коња. Само што се отвори семафорот ги напунив прва и втора брзина до 80, човекот почна да вика: -,,Аааа, ако сакаш вака да возиш застанувај одма, неможе вака да ја возиш колата.

Тој е типoт :) Сличен каубојски однос имаше, на што го опоменав дека не сум играл фудбал со него за да ми се обраќа така,  и дека не ни имам желба да го правам тоа со некој со таков однос.

Грешка ми беше што се вратив да пробам да расчистам со некој од погорните нивоа (типов пак  уште само што влегов продолжи да се расправа), на што едноставно си отидов, се јавив пак кај тие над него, се заблагодарив и кажав дека нема да купам од кај нив ништо.



Мое искуство на салони со најдобар однос;

- Mitsubishi Mak Auto Star

- Skoda Porsche Makedonija

- Volvo MIDA


И тоа ги ставам на исто ниво . Зборам само за делот на продажба, пошто не купив не стигнав до другиот дел :)


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Интересна им е тактиката со одбивање старо за ново. :)

Во секој случај, страшна ароганција.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Интересна им е тактиката со одбивање старо за ново. :)

Во секој случај, страшна ароганција.

Возилото си го продадов на крај сам, и тоа по цена повисока од сите понуди што ги имав по салоните (да речеме 1000 еур разлика).

А купив возило за кое што добив одлична цена ради што го плаќав одма (да речеме дека затворив нечива компензација).



Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
а постои ли опција да отидеш во салон, одма да го одјебеш типот и да дојде следечи од салонот? Така и би го обрукал пред колегите во старт

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
а постои ли опција да отидеш во салон, одма да го одјебеш типот и да дојде следечи од салонот? Така и би го обрукал пред колегите во старт

Пробав така.. Свртев на некој погоре, му објаснив за случката, и се договоривме да се видиме и да видиме што и како. При влегување пак во салонот за да се видам со него, ете го пак типот од претходно. Пробав да го изигнорирам, меѓутоа имаше потреба да се расправа со мене, на кое што се свртев и си отидов

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
па да направиме еден предновогодишен евент во салонот 5 луѓе секој ден цела недела да ја правиме истата шема, можда ќе им дојде паметот на тие погорните дека дечкото не треба да има контакт со јавноста :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Јас би предложил скриена камера ....

;D ;D ;D

Нема после трте мрте.